Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



24.02.2017 - Тринаесети пат Комерцијална наградена од ЕБРД


Европската банка за обнова и развој по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка како најактивен учесник во EBRD TFP - Trade Facilitation Program – програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде ѝсвечено доделена на ЕБОР Бизнис форумот на 26-та годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 09.05.2017 година.  

 

Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Наедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.

 

Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за комитентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија.






24.03.2017 - ИЗВЕСТУВАЊЕ


Се известуваат акционерите на Комерцијална банка АД Скопје дека во објавениот Повик заедно со материјалите за Собранието на Банката, кое ќе се одржи на 05.04.2017 година, во точката под број 13 - Предлог-одлука за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, се направени корекции на барање на Народната банка на Република Македонија.

 

Коригираната точка им е достапна на акционерите на интернет-страницата на Банката www.kb.com.mk, на интернет-страницата на Македонската берза и секој работен ден во седиштето на Банката на ул.„Орце Николов“ бр.3, во Дирекцијата за управување и информирање, соба бр.307 (III кат, зграда КБ1).

 

 

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ




09.03.2017 - „Една може!“ и Комерцијална банка со заеднички проект


Здружението за самохрани старатели „Една може!“ од Скопје, на 8 Март се всели во нови простории, сопственост на Комерцијална банка АД Скопје.  Отворањето на дневниот работен простор ќе биде можност за реализација и поддршка на конкретни активности за самоодржливост и креативни економски исплатливи проекти на Здружението. Комерцијална банка ја понуди својата поддршка за ова младо здружение, кое во својата борба за правата на самохраните старатели прави напори за економско закрепнување на членките и реализирање на визијата за рамноправнен третман, видливоста на нивните проблеми во општеството, како и борбата за родителските права.
 
Во Македонија најголем број самохрани старатели се жени, од тоа најголем дел се жртви на семејно насилство кои решиле да ја напуштат брачната заедница.
 
Во изминатите 6 години Комерцијална банка активно ја поддржуваше работата на НВО со жени жртви на семејно насилство, преку финансиска поддршка на „Прв семеен центар“, а сега и со планирање и реализација на проекти со здружението „Една може!“. „Со давање поддршка во функционирањето на здружението „Една може!“ од Скопје, сакаме да помогнеме во остварување на целите на Здружението и подигање на јавната свест за разбирање на специфичноста на нивните семејни заедници преку конкретно дадена шанса за претпримнички дејности во Дневен работен простор обезбеден од страна на банката“ велат од Комерцијална банка.
 

 Поддршката на жените жртви на семејно насилство, како и самохраните старатели претставува стратешка определба во реализацијата на општествено одговорно делување на Комерцијална банка.




2.3.2017 година - Комерцијална банка, Спонзор на концертот на Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ-Џибони


Комерцијална банка АД Скопје е Спонзор на концертот на Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони, две музички имиња од просторите на поранешна Југославија, двајца великани на хрватската музичка сцена, кои доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ќе го претстават својот заеднички албум насловен како „Фамилија“, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки, а ќе ги отсвират и своите најголеми хитови.

 

Овој заеднички неколкучасовен музички спектакл ќе се одржи на 4 март во ВИП Арената „Борис Трајковски“.







А Р Х И В А