Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



2.3.2017 година - Комерцијална банка, Спонзор на концертот на Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ-Џибони


Комерцијална банка АД Скопје е Спонзор на концертот на Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони, две музички имиња од просторите на поранешна Југославија, двајца великани на хрватската музичка сцена, кои доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ќе го претстават својот заеднички албум насловен како „Фамилија“, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки, а ќе ги отсвират и своите најголеми хитови.

 

Овој заеднички неколкучасовен музички спектакл ќе се одржи на 4 март во ВИП Арената „Борис Трајковски“.






10.11.2017 – 20% попуст во Sport Vision со Mastercard® на Комерцијална банка


Нова ексклузивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка.

 

Секој вторник во ноември добивате 20% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија доколку платите со Mastercard® или Maestro картичка на Комерцијална банка.

 

Попустот од 20% важи за целиот асортиман на производи и се пресметува и на веќе намалените акциски цени.

 

Истиот важи и за еднократно плаќање и за плаќање на рати, а се пресметува директно на каса при плаќање со Mastercard® и Maestro картичките на Комерцијална банка, секој вторник во ноември 2017 година.

 

Master_nova



10.11.2017 - Банката спонзор на Фестивалот „Златно славејче 2017“


Од 16 до 18 ноември, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје по 47-ми пат ќе се одржи Фестивалот „Златно славејче“.

Банката, како општествено одговорна компанија која го следи развојот на младите поколенија, дванаесет години по ред е спонзор на овој најпрестижен детски фестивал во Републиката. И оваа година златните славејчиња повторно ќе застанат на сцената и ќе ги отпеат своите хитови.

За таа цел се подготвени нови, досега необјавени детски композиции, во придружба со кореографија, кои публиката ќе може да ги слушне на фестивалските вечери.




27.10.2017 - Штедни книшки (Верверичка)


По повод 31 Октомври - Светскиот ден на штедењето, Банката ќе им отвори штедни книшки – Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

Средствата ќе им бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2017 година.

 

Оваа година по тринаесетти пат ќе се доделат штедните книшки „Верверичка“ и касичките, а до сега во просек секоја година по 45 семејства им се радуваат на средствата што нивните најмили ги добиваат од Комерцијална банка АД Скопје.

 







А Р Х И В А