Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



09.03.2017 - „Една може!“ и Комерцијална банка со заеднички проект


Здружението за самохрани старатели „Една може!“ од Скопје, на 8 Март се всели во нови простории, сопственост на Комерцијална банка АД Скопје.  Отворањето на дневниот работен простор ќе биде можност за реализација и поддршка на конкретни активности за самоодржливост и креативни економски исплатливи проекти на Здружението. Комерцијална банка ја понуди својата поддршка за ова младо здружение, кое во својата борба за правата на самохраните старатели прави напори за економско закрепнување на членките и реализирање на визијата за рамноправнен третман, видливоста на нивните проблеми во општеството, како и борбата за родителските права.
 
Во Македонија најголем број самохрани старатели се жени, од тоа најголем дел се жртви на семејно насилство кои решиле да ја напуштат брачната заедница.
 
Во изминатите 6 години Комерцијална банка активно ја поддржуваше работата на НВО со жени жртви на семејно насилство, преку финансиска поддршка на „Прв семеен центар“, а сега и со планирање и реализација на проекти со здружението „Една може!“. „Со давање поддршка во функционирањето на здружението „Една може!“ од Скопје, сакаме да помогнеме во остварување на целите на Здружението и подигање на јавната свест за разбирање на специфичноста на нивните семејни заедници преку конкретно дадена шанса за претпримнички дејности во Дневен работен простор обезбеден од страна на банката“ велат од Комерцијална банка.
 

 Поддршката на жените жртви на семејно насилство, како и самохраните старатели претставува стратешка определба во реализацијата на општествено одговорно делување на Комерцијална банка.






06.01.2018 - Известување за работно време на Банката


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека на 6 јануари 2018 година (сабота) - Бадник и 8 јануари 2018 година (понеделник) - Божиќ, филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат.

 

Среќни празници.




25.12.2017 - Донација во Дневен центар за згрижување на лица со церебрална парализа


Со претпразнична посета на Дневниот центар за згрижување лица со церебрална парализа и подарок од 35 пакетчиња од  страна на вработените во филијалите и експозитурите во Скопје на сите корисници на услугите на Центарот, Комерцијална банка АД Скопје им посака добро здравје и среќни празници.
 
paketcinja



22.12.2017 – Нов промотивен период за станбен кредит


Банката го продолжи промотивниот период  до 30.06.2018 година, во кој сите  новоодобрени станбени  кредити  ќе ги одобрува со 0%  надомест за одобрување и администрирање и 0 денари трошоци за процена на обезбедувањето . Повеќе на следниот линк.


22.12.2017 – Старите пријателства се како ѕвезда


 

Старите пријателства се вредни, како најсветлата ѕвезда на новогодишното небо, како насмевката на задоволно дете, како среќни насмеани очи и подадено раче за подарок. Вакво пријателство негуваат вработените од Комерцијална банка АД Скопје и Центарот за едукација на деца на улица од Шуто Оризари. И оваа година, подароци за 120 дечиња, заеднички појадок, приредба за гостите и секогаш корисен новогодишен подарок за полесно преживување на секојдневието. Децата од Центарот секоја година во ова време прашуваат: „Кога ќе дојдат од Комерцијална банка?“ Тие очекуваат а вработените се подготвуваат за средба после која Новата година се чека со повеќе надеж, дека барем дел од овие деца ќе успеат да го најдат својот „млечен пат“ во животот.

 

Старите пријателства се вредни
 
Од предновогодишната дружба во Центарот за едукација на деца на улица од Шуто Оризари со вработените од Комерцијална банка.






А Р Х И В А