Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



27.03.2017 - Новости за кредити


Продолжува промотивниот период за сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула  до 31.12.2017 година

 

Во промотивниот период до 31.12.2017 година, за сите  новоодобрени станбените кредити со ЕУР клаузула,  надоместот за одобрување и администрирање на кредитот и  трошокот  за процена ќе изнесува 0 денари. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката. За повеќе информации околу условите за кредитот посетете го следниот линк на веб-страницата на Банката.
 
Продолжува промотивниот период за сите новоодобрени потрошувачки кредити до 31.12.2017 година
 

-Без надомест за одобрување и администрирање на сите новоодобрени потрошувачки кредити со ЕУР клаузула  во промотивниот период до 31.12.2017 . За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Банката, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката. Повеќе информации околу условите за кредитот тука.

 

Продолжува промотивниот период за денарски станбен кредит до 31.12.2017 година

 

Продолжува промотивниот период до 31.03.2017 година во кој Банката ќе одобрува денарски станбен кредит со каматни стапки од 4,5% фиксна годишна за 3 години и 6,5% променлива годишна потоа.Без надомест за одобрување и администрирање  и без трошоци за процена на сите новоодобрени  денарски станбени кредит  во промотивниот период  до 31.12.2017.  За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката. За повеќе информации околу условите за кредитот посетете го следниот линк на веб-страницата на Банката.






14.07.2017 - Националната галерија и Комерцијална банка со креативност до нова вредност


Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка, откако се запозна со просторните, административните и работните проблеми со кои се соочува Националната галерија на РМ во подолг временски период, донесе одлука за брза реакција. Како прв конкретен чекор на соработката, Банката донираше расходувана канцелариска опрема за подобрување на работните услови на вработените во трите објекти на Националната галерија, како и сефови во кои можат да се чуваат и складираат предмети подложни на влага и уништување. Креативноста и рационалноста во искористувањето на стариот мебел од страна на вработените во Галеријата и создавање вистинска нова вредност од предметите, се уште еден доказ дека и со малку средства а со многу љубов кон професијата и креативност можат да се сочуваат националните богатства.   

 

Соработката со Националната галерија ќе продолжи и во иднина во правец на поддршка на напорите за враќање на достоинството на Националната галерија во периодот кога таа слави 70 години од своето постоење.

 

Donacija1

 

Donacija2



11.07.2017 – Наградна игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“


Започнува голема наградна игра на Комерцијална банка и MasterCard® по повод УЕФА Супер купот во Скопје!

 

Во периодот од 12 до 26 јули 2017 година, секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка од најмалку 600,00 денари, ќе носи една шанса во Наградната игра и можност да ги гледате Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во живо.

 

Доделуваме 10 (десет) комплети од по 2 (два) билета за УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8 август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот, 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“  во вредност од 3.000,00 денари и 80 (осумдесет) гифт-картички во вредност од 1.000,00 денари.

 

Во Наградната игра учествуваат сите транскции направени на продажни места во Република Македонија, како и E-commerce трансакции (плаќање преку Интернет) на македонски интернет-портали. Секоја трансакција од најмалку 600,00 денари носи една шанса, што значи колку повеќе плаќате – толку повеќе шанси добивате да бидете дел од фудбалската историја.

 

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 28.07.2017 година, а списокот на добитници ќе биде објавен на интернет-сајтот на Комерцијална банка.

 

Правила на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“

 

UEFA



07.07.2017 - Комерцијална банка АД Скопје наградена од Комерцбанк


07.07.2017 Комерцијална банка АД Скопје наградена од Комерцбанк за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.

 

Комерцијална банка АД Скопје е избрана да ја добие наградата на Комерцбанк за STP (системска обработка на плаќања) за 2016 година за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.

 

Наградата се доделува за извонреднен квалитет во обработката на плаќањата во ланецот на плаќања. Извршувањето платежни трансакции не само што веднаш се одразува на задоволството на клиентите туку и на конкурентноста на банката. Системската обработка е многу важна и има силно влијание врз работата на ИТ како и за заштедата на време, трошоци и неисплатливи порамнувања што доведуваат некогаш до дополнителни трошоци.

 

„Со големо задоволство ви ја предаваме оваа заслужена награда вам и на вашиот тим за извршување плаќања. Многу високите стандарди што ги поставуваме за банките што ја добиваат нашата STP награда може да се достигнат само со голем и заеднички труд на целиот персонал вклучен во разните оддели коишто ги започнуваат и спроведуваат плаќањата. Затоа, ве молиме пренесете ја нашата искрена благодарност до сите вработени на Комерцијална банка кои придонеле за вашето високо достигнување“ пишува во дописот за наградата до Банката.

Наградата претставува уште еден поттик и обврска на Банката кон клиентите за постојано зголемување на квалитетот на обработката на трансферите и интензивирање на соработката со другите банки.




7.7.2017 - Второ место за Комерцијална банка на бизнис турнирот во „Форца“


Во периодот од 02.06.2017 до 30.06.2017 година, во Скопје, во спортскиот центар Форца, се одржа 10-от спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените.
 

Комерцијална банка АД Скопје  со освоените 128 бода го зазема второто место. Првопласирана беше екипата на NETSETERA со 149 бода, а третото место го освои Стопанска банка

 

На турнирот земаа учество над 20 македонски компании и финансиски институции со вкупен број од преку 500 учесници. Банката на турнирот настапи во сите 8 дисциплини.

 

За освоеното второ место во екипна конкуренција Банката доби 3 - месечен договор за користење спортска сала.

 

БРАВО !!!

forca2017



28.06.2017 - Известување за летно работно време


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека во текот на летниот период, од 03.07 до 04.09.2017 година, експозитурите на Банката ќе имаат изменет режим на работно време. Во наведениот период, нема да работат следните експозитури во Скопје: Ѓорче Петров 2; Новоселски пат; Нова Македонија; ЈАТ; Стопанска комора; Чешма; МВР; Козле; Водњанска и Ново Лисиче.

Поголемите експозитури со Одговорен работник ќе работат со регуларно работно време до 18:00 часот, освен експозитурата Јане Сандански која ќе работи до 16:00 часот.

Останатите експозитури во Скопје ќе работат до 15:00 часот.

 

Повеќе информации за работното време и дисперзираноста на мрежата на експозитури и филијали на Банката, можете да добиете на следниот линк: http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1410&lang=1&uc=40&par=3




30.06.2017 - Известување за каматни стапки


Поради намалувањето на референтната каматна стапка за пресметување на законската казнена камата, Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.07.2017 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и физички лица. Намалувањето се движи од 0,25 до 0,5 процентни поени.

 

Истовремено, почнувајќи од 01.07.2017 година Банката нема да исплаќа камата на позитивното салдо на сите денарски и девизни трансакциски сметки. Каматната стапка на штедните влогови по видување останува непроменета.

 

Новите каматни стапки се подетално наведени на веб-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а клиентите ќе добијат и порака преку изводот од сметката/картичката.




27.06.2017 - Оглас за вработување програмер


Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување Програмер, 1 (еден) извршител, на неопределено работно време, во Секторот за информатичка технологија.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Факултет за информатичка технологија ВС VII/1 или 180 кредити;
  • Познавање на програмски алатки за развој на мобилни апликации на iOS и/или Android платформа;
  • Апликативна примена на MS SQL бази на податоци; T-SQL;
  • Опционо познавања од: Visual Studio; .NET и Reporting Services;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Со најмалку 2 години работно искуство.

 

Работно време:  40 часа неделно, понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот

Почетна основна нето-плата:  од 43.000,00 денари 

Огласот трае 9 дена, сметано од денот по објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од датумот на истекот на огласот.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV), мотивационо писмо и уверение за завршено образование на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса aplikacijazavrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување Програмер во Комерцијална банка АД Скопје“.

                                                                  

Лице за контакт: Јасна Вангеловска тел.: 02-3168-463. Повеќе информации за огласот на следниот линк.

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.







А Р Х И В А