Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



31.03.2017 - Намалување на каматни стапки


Намалување на каматната стапка на станбениот денарски кредит за купување или изградба на недвижен имот,  како и намалување на пасивните каматни стапки на дел од орочените депозити на правни лица и на население


Почнувајќи од 01.04.2017 година, Банката ќе изврши намалување на каматната стапка на станбениот денарски кредит за купување или изградба на недвижен имот  од 8,5% на 8,0% годишна променлива. Со намалувањето ќе бидат опфатени сите постоечки станбени денарски кредити кои досега имаа годишна  каматна стапка од 8,5%.

 

Исто така, од 01.04.2017 година Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши намалување на пасивните каматни стапки на:

 

Правни лица:

  • на орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови од 0,01 п.п. до 0,4 п.п.;

 

Физички лица:

  • на дел од орочените денарски штедни влогови од 0,01 п.п. до 0,50 п.п. и
  • на орочените штедни влогови во EUR на 12, 24 и 36 месеци  од 0,05 п.п. до 0,10 п.п..





20.06.2018 - Известување


Почитувани клиенти,

 

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти, корисници на платежни картички, дека деновиве е забележано зачестено рекламирање лажни интернет-продавници кои се декларираат како застапници на познати светски брендови, а со цел собирање податоци за вашите платежни картички и нивна понатамошна злоупотреба. Банката ги повикува клиентите на внимателност при користење непознати интернет-страници, како и да внимаваат на името на страницата пред да внесат лични податоци и податоци од платежните картички. Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет-продавница јавете се во нашиот 24/7 авторизациски центар на (02)3247 474 со цел блокирање на картичката и спречување понатамошна злоупотреба на вашите средства и личните податоци. Дополнително Ви препорачуваме уште еднаш да ги прочитате советите за безбедно користење на картичките, а Банката ќе продолжи континуирано да ја следи употребата на картички од страна на корисниците, преку интерните системи за заштита од злоупотреби и превентивно ќе презема акции за заштита на своите клиенти.




Комерцијална Банка АД Скопје објавува Оглас за избор


на Директор (Менаџер) на Филијала (лице со посебни права и одговорности) во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Битола, со мандат од 2 години.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или пост дипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
  • Работно искуство од најмалку 6 години,
  • Пожелно, но не задолжително искуство од работење во банка во Р. Македонија,
  •  Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии,
  • Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
  • Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
  • Менаџерски и лидерски способности,
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

 

Работното време:  40 часа неделно од понеделник до петок.

 

Почетна основна нето плата  56.160,00 денари

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV),  мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, Ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: “Oглас за вработување во Филијала Битола”

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

 

Огласот е објавен во АВРМ и истиот може да го побарате преку пребарувачот Google Chrome на web страната на АВРМ на следниот линк:

 

 https://e-rabota.avrm.gov.mk/OglasSearch.aspx


14.06.2018 - Известување за одржано Собрание на акционери


Денес, 14.06.2018 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје одржаа Собрание. На Собранието за членови на Надзорниот одбор на Банката беа избрани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми.

 

 

 

ДИРЕКЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ

 

И ИНФОРМИРАЊЕ




13.6.2018 - БАНКАТА ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ „ONE LOVE TOUR 2018“


Комерцијална банка АД Скопје ја има честа да биде  Генерален покровител на второто издание на Фестивалот насловен ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации!

 

Во Градскиот парк на големата полјана (зад Езерце) на 16.6.2018 година (сабота) ќе се одвива целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија, а во културно-уметничката програма учество ќе земат Златните славејчиња, групата „Љубојна“, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Оратница, Графа, Next Time и групата „Слаткаристика“.

 

Фестивалот ќе започне во 10:00 часот, а влезот е слободен.

 

Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје и овој пат со задоволство застана во поддршка на вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат нашиот културен живот.




12.06.2018 – Градиме навики за чиста средина


Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите  уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк на Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад. 

 

Во период од еден и пол час (09:00 до 10:30) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење, велат од Комерцијална банка.

 

Освен како едукативна, оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.
 
Чиста средина
 
Чиста средина



08.06.2018 – 10% попуст во Sport Vision со Mastercard® на Комерцијална банка


Нова промотивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка.


Во периодот од 10 јуни до 10 јули 2018 година, добивате 10% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија доколку платите со Mastercard® или со Maestro картичка на Комерцијална банка.


Попустот од 10% важи за целиот асортиман на производи и се пресметува и на веќе намалените цени, освен на производи кои се на периодична акција или на промоција.



Попустот важи и за еднократно плаќање и за плаќање на рати, а се пресметува директно на каса при плаќање со Mastercard® и со Maestro картичките на Комерцијална банка.


Master_nova



30.5.2018 – Годишен извештај на Банката за 2017 година


Годишниот извештај од работењето на Банката во 2017 година е достапен на македонски и на англиски јазик.







А Р Х И В А