Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



06.04.2017 - Известување за исплата на дивиденда


Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери  дека почнувајќи од 10 Maj 2017 година ќе врши исплата на дивидендата за 2016 година

 

Право на исплата на дивиденда за 2016 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на  21 Април 2017 година.

 

Исплатата  на дивиденда за 2016 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

 

На физичките лица  средствата од дивидендата за 2016 година ќе бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка АД Скопје, освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на  дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка АД Скопје во таков случај средствата  од дивидендата за 2016 година ќе ги уплати на назначената сметка.

 

Физичките лица кои немаат отворено сметки во Комерцијална банка АД Скопје  или не  дале овластување , ќе треба за исплата на дивиденда за 2016 година да отворат сметки во Комерцијална банка АД Скопје или да дадат овластување за пренос на средствата од дивидендата во друга банка. Ова можат да го  направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

 

Согласно член 77 став 1 од Законот за персоналниот данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал-дивиденда за 2016 година, исплатена во 2017 година ќе бидат доставени до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивиденда. Доколку некои од акционерите не ja добијат  потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истaта ќе може да ја подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

 

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви  3168 311, 3168 310 , 3168 312 и 3168 308 .

 

 

                         Комерцијална банка АД  Скопје

                            






20.09.2017 - ИЗВЕСТУВАЊЕ


Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 19.09.2017 година Банката склучи Договор за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од СКОПСКИ САЕМ ДООЕЛ Скопје, САЕМ ИНВЕСТ ДОО Скопје и ЕКСПО МЕДИА ДООЕЛ Скопје, по цена во износ од 9.720.000,00 евра, без даноци и давачки.




29.08.2017 - Рециклирањето е продолжување на приказната за животот


Во рамки на проектот „One made - handmade“ здружението за еднородителски семејства „Една може!, со подршка на Комерцијална банка на 25.08.2017 година, за прв пат во Македонија го организираа продажниот настан „Рециклирање, повторна употреба и креативна употреба“. Настанот е дел од проект „Една прави“, со кој  донираните парчиња гардероба вештите раце на дизајнерите и на самохраните мајки ги претворија во модерни креации. На овој начин тие сакаат да го зголемат нивото на свест за рециклирањето како еден од начините за заштеда на финансиски средства, но и за заштита на земјата. Комерцијална банка и „Една може“ промовираа инспиративна идеја дека модата може да биде еколошка, етичка и достапна, а за членките на здружението сепак најважно е шансата за нивно економското осамостојување.

 

Поддршката во форма на понуден работен простор и парична донација од страна на Комерцијална банка им овозможија на креативните дизајнерки од старите парчиња облека со вештите раце на самохраните мајки да создадат неодоливи приказни од текстил.
 

 Рециклирањето е продолжување на приказната за животот







А Р Х И В А