Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



20.04.2017 - Годишен извештај на Банката за 2016 година


Комерцијална банка АД Скопје го објави Годишниот извештај за 2016 година кој е достапен на македонски и на англиски јазик.






4.10.2017 – Комерцијална банка со штанд во Skopje City Mall


По повод петгодишниот јубилеј на трговскиот центар Skopje City Mall, Комерцијална банка АД Скопје во овој трговски центар ќе постави свој промотивен штанд во периодот од 4.10. до 8.10.2017 година.

Во тие денови посетителите ќе можат да ги добијат сите дополнителни информации за ко-брендираната кредитна картичка за физички лица на Комерцијална банка и Skopje City Mall - Mastercard® Skopje City Mall.
 
MasterCard® Skopje City Mall кредитната картичка можете да ја користите бесплатно за време на првата година од издавањето, како во земјата така и во странство, и да добивате редовни попусти и бонуси во одреден процент на секоја трансакција направена на сите продажни места во Skopje City Mall со кои Банката има склучено договор.



29.09.2017 - И З В Е С Т У В А Њ Е


Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.10.2017 година ќе применува фиксни и променливи каматни стапки кај новите договори за кредити, депозити и кредитни картички склучени од 01.10.2017 година.

 

Фиксна каматна стапка е каматна стапка која не се менува во целиот период на времетраење на договорот или во определен дел од периодот на важност на договорот за кредит и во рокот на орочување на депозитот.

 

Променлива каматна стапка е каматна стапка која зависи од висината на одредена референтна каматна стапка и се менува согласно вредностите на референтната каматна стапка и вкупната каматна маргина (ВКМ) изразена како процентни поени.

 

Референтна каматна стапка претставува единствена, јавно објавена каматна стапка за одреден инструмент, или каматна стапка која е утврдена на меѓународниот или на домашниот пазар на пари, или е просечна пондерирана каматна стапка за депозити на правни и на физички лица.

 

Како референтна стапка за пресметување на променливите каматни стапки за денарските побарувања и обврски ќе се применува стапката што е објавена и достапна на веб - страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула”. Истата ќе се преоценува полугодишно, и тоа на 01.01. и 01.07. со употреба на објавената стапка на 25.12. и 25.06.

 

За девизните кредити и денарските кредити со девизна клаузула за правни  лица ќе се применува референтната стапка 6 месечен ЕУРИБОР за кредити одобрени или изразени во ЕУР. Референтната стапка ќе се преоценува полугодишно, и тоа на секој 01.01 и 01.07 во годината со употреба на важечката референтна стапка на последниот работен ден од семестарот кој му претходел на датумот на ревидирање на каматната стапка.

 

Референтна стапка за пресметување на променливата каматна стапка која се применува за пресметка на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување на трансакциски сметки на физички лица, останува да биде каматната стапка на благајничките записи која ќе се преоценува полугодишно, и тоа на 01.01. и 01.07.

 

Референтна каматна стапка за пресметување на променливите каматни стапки за денарските кредити со девизна клаузула и за девизните депозити во ЕУР за физички лица се смета референтната каматната стапка за парични обврски изразени или определени во странска валута дефинирана во Законот за облигациони односи (едномесечна стапка на Еурибор за евра) и на начин дефиниран во истиот закон. Истата ќе се ревидира два-пати годишно, на 01.01. и 01.07.

 

За новите депозити орочени на период до 12 месеци (вклучувајќи го и периодот на 12 месеци) за правни и физички лица ќе се применува фиксна каматна стапка.

 

На крајот на секое полугодие Банката на својата веб - страница ќе ги објавува референтните каматни стапки кои ќе важат за пресметка на камата за следното полугодие.

 

Се известуваат сите корисници на орочени депозити за физички лица, кои сакаат да ги заменат своите постојни производи со новите производи, преку склучување нов Договор за орочување, да се јават во соодветните служби, на шалтерите на Банката во експозитурите или во филијалите на Банката.

 

Исто така, почнувајќи од 01.10.2017 година Банката ќе ги намали каматните стапки на орочените штедни влогови во УСД (од 0,01-0,10 п.п), АУД (од 0,30-0,60 п.п.), ГБП (од 0,01-1,60 п.п.) и ЦАД (од 0,02-0,70 п.п.) и нема повеќе да склучува договори за орочување девизни штедни влогови во девизните валути ДКК, СЕК, НОК, ЈЕН.

 




20.09.2017 - ИЗВЕСТУВАЊЕ


Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 19.09.2017 година Банката склучи Договор за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од СКОПСКИ САЕМ ДООЕЛ Скопје, САЕМ ИНВЕСТ ДОО Скопје и ЕКСПО МЕДИА ДООЕЛ Скопје, по цена во износ од 9.720.000,00 евра, без даноци и давачки.







А Р Х И В А