Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



26.04.2017 - Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на награда и признание на „18-та Годишната конференција на Македонската Берза”


Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на „18-та Годишната конференција на Македонската Берза” е добитник на следнава награда и признание:

 

1.  “Кристално Ѕвоно” за постигнато второ место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2016 година;

 

Извештај за изборот на наградата Кристално Ѕвоно

 

nagrada

 

2.  Плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2016 година.

 

 

Ранг листа на брокерски куќи по промет за 2016 година 

 

plaketa





31.7.2017 - Извлечени се добитниците на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“


На 28.07.2017 година во просториите на Комерцијална банка АД Скопје, во присуство на нотар и два претставника на Комерцијална банка АД Скопје, беа извлечени среќните добитници на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“.

 

Конечниот список на добитници на наградите може да се види на следниот линк.

 

Доделивме 10 (десет) комплети од по 2 (два) билета за УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8 август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот, 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 3.000,00 денари и 80 (осумдесет) гифт-картички во вредност од 1.000,00 денари.

 

Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Одделение за банкарски картички, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје.

 

Добитниците на билетите за УЕФА Супер купот истите треба да ги подигнат осум дена пред почетокот на натпреварот, односно сѐ до денот на одигрување на натпреварот (08.08.2017 година) до 16:00 часот. Добитникот на оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот истата ќе може да ја подигне ден по одигрување на натпеварот (09.08.2017 година), а сѐ до крајниот рок од 60 дена.

 

Наградната игра траеше од 12.07.2017 до 26.07.2017 година, а учество се обезбедуваше со секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка за физички лица од најмалку 600,00 денари.

 

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во големиот фудбалски настан!

 

Правила на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“





А Р Х И В А