Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



09.05.2017 - Комерцијална банка со учество на Скопскиот маратон


Над 12 вработени во Комерцијална банка беа учесници на традиционалниот 13. Скопски маратон кој се одржа на 07.05.2017 година. Банката учествува на Скопски маратон од 2012 година, а оваа година тимовите на Комерцијална ги трчаа следните дисциплини:

 

Полумаратон - 21 км ( 4 учесници)

Машка штафета - 4 учесници по 10,5 км

Женска штафета – 4 учесници по 10,5 км

 

Од сите учесници во дисциплината полумаратон најголем успех постигна  колегата  Маријан Шамоски (28 г), најмладиот од сите учесници,  кој  21 км истрча за 1 час и 30 мин  и го освои 45-тото место (од 1.110 учесници на полумаратонот). Следната година Маријан има желба да трча на маратон од 42 км во име на Комерцијална Банка. Машката штафета од 46 екипи го освои 40-тото место. Женската штафета, од 25 пријавени екипи, го освои 16-тото место.

 

Ова се секако солидни резултати , но и поттик за сите кои и во иднина ќе сакаат да го носат логото на Банката и да остварат уште подобри резултати на Скопски маратон.

 

KBTrcaci

 

Trcaci1

 

Trcaci2





31.7.2017 - Извлечени се добитниците на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“


На 28.07.2017 година во просториите на Комерцијална банка АД Скопје, во присуство на нотар и два претставника на Комерцијална банка АД Скопје, беа извлечени среќните добитници на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“.

 

Конечниот список на добитници на наградите може да се види на следниот линк.

 

Доделивме 10 (десет) комплети од по 2 (два) билета за УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8 август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот, 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 3.000,00 денари и 80 (осумдесет) гифт-картички во вредност од 1.000,00 денари.

 

Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Одделение за банкарски картички, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје.

 

Добитниците на билетите за УЕФА Супер купот истите треба да ги подигнат осум дена пред почетокот на натпреварот, односно сѐ до денот на одигрување на натпреварот (08.08.2017 година) до 16:00 часот. Добитникот на оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот истата ќе може да ја подигне ден по одигрување на натпеварот (09.08.2017 година), а сѐ до крајниот рок од 60 дена.

 

Наградната игра траеше од 12.07.2017 до 26.07.2017 година, а учество се обезбедуваше со секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка за физички лица од најмалку 600,00 денари.

 

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во големиот фудбалски настан!

 

Правила на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“





А Р Х И В А