Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



15.05.2017 - Презентација на Саем на банки и финансиски институции


Во периодот од 12 до 14 мај 2017 година во трговскиот центар Skopje City Mall, во организација на порталот bankarstvo.mk, беше одржан Саемот на банки и финансиски институции. На саемот учествуваа 9 (девет) банки и финансиски институции од Република Македонија. 

 
Комерцијална банка АД Скопје, како еден од учесниците на овој саем, се претстави со свој промотивен штанд, на кој беа презентирани актуелните картични и кредитни производи на Банката. На штандот на Банката сите заинтересирани посетители можеа да добијат и дополнителни информации за сите прашања кои ги интересираа од презентерите на штандот, вработени во Комерцијална банка. 
 
CityMall





31.7.2017 - Извлечени се добитниците на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“


На 28.07.2017 година во просториите на Комерцијална банка АД Скопје, во присуство на нотар и два претставника на Комерцијална банка АД Скопје, беа извлечени среќните добитници на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“.

 

Конечниот список на добитници на наградите може да се види на следниот линк.

 

Доделивме 10 (десет) комплети од по 2 (два) билета за УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8 август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот, 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 3.000,00 денари и 80 (осумдесет) гифт-картички во вредност од 1.000,00 денари.

 

Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, Одделение за банкарски картички, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје.

 

Добитниците на билетите за УЕФА Супер купот истите треба да ги подигнат осум дена пред почетокот на натпреварот, односно сѐ до денот на одигрување на натпреварот (08.08.2017 година) до 16:00 часот. Добитникот на оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот истата ќе може да ја подигне ден по одигрување на натпеварот (09.08.2017 година), а сѐ до крајниот рок од 60 дена.

 

Наградната игра траеше од 12.07.2017 до 26.07.2017 година, а учество се обезбедуваше со секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка за физички лица од најмалку 600,00 денари.

 

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во големиот фудбалски настан!

 

Правила на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“





А Р Х И В А