Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



11.07.2017 – Наградна игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“


Започнува голема наградна игра на Комерцијална банка и MasterCard® по повод УЕФА Супер купот во Скопје!

 

Во периодот од 12 до 26 јули 2017 година, секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка од најмалку 600,00 денари, ќе носи една шанса во Наградната игра и можност да ги гледате Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во живо.

 

Доделуваме 10 (десет) комплети од по 2 (два) билета за УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8 август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка која ќе се користи за време на натпреварот, 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“  во вредност од 3.000,00 денари и 80 (осумдесет) гифт-картички во вредност од 1.000,00 денари.

 

Во Наградната игра учествуваат сите транскции направени на продажни места во Република Македонија, како и E-commerce трансакции (плаќање преку Интернет) на македонски интернет-портали. Секоја трансакција од најмалку 600,00 денари носи една шанса, што значи колку повеќе плаќате – толку повеќе шанси добивате да бидете дел од фудбалската историја.

 

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 28.07.2017 година, а списокот на добитници ќе биде објавен на интернет-сајтот на Комерцијална банка.

 

Правила на наградната игра „Биди дел од фудбалската историја! Со Mastercard® од Комерцијална банка АД Скопје на УЕФА Супер купот“

 

UEFA





20.09.2017 - ИЗВЕСТУВАЊЕ


Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 19.09.2017 година Банката склучи Договор за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од СКОПСКИ САЕМ ДООЕЛ Скопје, САЕМ ИНВЕСТ ДОО Скопје и ЕКСПО МЕДИА ДООЕЛ Скопје, по цена во износ од 9.720.000,00 евра, без даноци и давачки.




29.08.2017 - Рециклирањето е продолжување на приказната за животот


Во рамки на проектот „One made - handmade“ здружението за еднородителски семејства „Една може!, со подршка на Комерцијална банка на 25.08.2017 година, за прв пат во Македонија го организираа продажниот настан „Рециклирање, повторна употреба и креативна употреба“. Настанот е дел од проект „Една прави“, со кој  донираните парчиња гардероба вештите раце на дизајнерите и на самохраните мајки ги претворија во модерни креации. На овој начин тие сакаат да го зголемат нивото на свест за рециклирањето како еден од начините за заштеда на финансиски средства, но и за заштита на земјата. Комерцијална банка и „Една може“ промовираа инспиративна идеја дека модата може да биде еколошка, етичка и достапна, а за членките на здружението сепак најважно е шансата за нивно економското осамостојување.

 

Поддршката во форма на понуден работен простор и парична донација од страна на Комерцијална банка им овозможија на креативните дизајнерки од старите парчиња облека со вештите раце на самохраните мајки да создадат неодоливи приказни од текстил.
 

 Рециклирањето е продолжување на приказната за животот







А Р Х И В А