Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



20.09.2017 - ИЗВЕСТУВАЊЕ


Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 19.09.2017 година Банката склучи Договор за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од СКОПСКИ САЕМ ДООЕЛ Скопје, САЕМ ИНВЕСТ ДОО Скопје и ЕКСПО МЕДИА ДООЕЛ Скопје, по цена во износ од 9.720.000,00 евра, без даноци и давачки.






Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје - Филијала Струмица, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

 

Почетна основна нето - плата: 19.180,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Струмица“

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова, тел.: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




13.07.2018 - Известување


Почитувани клиенти, Ве известуваме дека Експозитурата КБ-2 на ул. Орце Николов бр.1, Скопје, на 14.07.2018 година (сабота) нема да биде отворена  за работа со странки заради изведување градежни работи.
 

За сите работи со трансакциски сметки, банкарски картички и трансакции на благајна, можете да ги користите услугите на Експозитура КБ-1 на ул. Орце Николов бр.3,  работното време во сабота е од 8:00 до 13:00 часот.




03.07.2018 - Известување за член на УО - Илија Илоски


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Македонија, продолжен е мандатот за период од шест години на постојниот член на Управниот одбор на Банката – Илија Илоски.




29.06.2018 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИ СТАПКИ


Како резултат на намалувањето на референтните стапка за пресметување на променливите каматни стапки за денарските побарувања и обврски и за пресметка на законска казнена камата, Комерцијална банка АД Скопје од 01.07.2018 година ќе изврши намалување на каматните стапки:
  • Пасивните каматни стапки на правни лица: орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,01 п.п. до 0,50 п.п.;
  • Пасивните каматни стапки на физички лица: на дел од орочените денарски штедни влогови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,04 п.п. до 0,13 п.п.

 

Кај договорите за депозити и кредитни производи ќе се изврши автоматска промена на номиналната каматна стапка согласно промените на референтните стапки.

 

Во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година, на сите побарувања од физички лица во денари, каде номиналната каматна стапка е повисока од законската затезна камата, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка од 11% на годишно ниво.

 

Референтните стапки се објавени следниот  линк.




20.06.2018 - Известување


Почитувани клиенти,

 

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти, корисници на платежни картички, дека деновиве е забележано зачестено рекламирање лажни интернет-продавници кои се декларираат како застапници на познати светски брендови, а со цел собирање податоци за вашите платежни картички и нивна понатамошна злоупотреба. Банката ги повикува клиентите на внимателност при користење непознати интернет-страници, како и да внимаваат на името на страницата пред да внесат лични податоци и податоци од платежните картички. Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет-продавница јавете се во нашиот 24/7 авторизациски центар на (02)3247 474 со цел блокирање на картичката и спречување понатамошна злоупотреба на вашите средства и личните податоци. Дополнително Ви препорачуваме уште еднаш да ги прочитате советите за безбедно користење на картичките, а Банката ќе продолжи континуирано да ја следи употребата на картички од страна на корисниците, преку интерните системи за заштита од злоупотреби и превентивно ќе презема акции за заштита на своите клиенти.







А Р Х И В А