Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



17.10.2017 - Солидарност во борбата против сиромаштијата


Во рамки на севкупните ативности на ниво на Република Македонија за одбележување на светскиот ден за борба против сиромаштијата, вработените и менаџментот на Комерцијална банка се вклучија преку донирање, храна, средства за хигиена и училишен прибор. Оваа акција Банката ја реализира по трет пат во соработка со Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) и НО „Хуманост“, а донацијата е наменета за семејства во социјален ризик. МППС и НО „Хуманост“ споделуваат одговорност за дваесетина сиромашни семејства низ Републиката, со кои се во постојан контакт и во најголем дел преку донации ги задоволуваат нивните потреби за храна, облека, обувки, огрев и хигиенски материјал.

 

Сознанието дека 445.000 граѓани живеат во ризик од сиромаштија е поразително, а со вакви акции секогаш можеме да ја поттикнеме солидарноста и да ја подигнеме јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна, велат од Банката.

 

Borba protiv siromastija





06.01.2018 - Известување за работно време на Банката


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека на 6 јануари 2018 година (сабота) - Бадник и 8 јануари 2018 година (понеделник) - Божиќ, филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат.

 

Среќни празници.




25.12.2017 - Донација во Дневен центар за згрижување на лица со церебрална парализа


Со претпразнична посета на Дневниот центар за згрижување лица со церебрална парализа и подарок од 35 пакетчиња од  страна на вработените во филијалите и експозитурите во Скопје на сите корисници на услугите на Центарот, Комерцијална банка АД Скопје им посака добро здравје и среќни празници.
 
paketcinja



22.12.2017 – Нов промотивен период за станбен кредит


Банката го продолжи промотивниот период  до 30.06.2018 година, во кој сите  новоодобрени станбени  кредити  ќе ги одобрува со 0%  надомест за одобрување и администрирање и 0 денари трошоци за процена на обезбедувањето . Повеќе на следниот линк.


22.12.2017 – Старите пријателства се како ѕвезда


 

Старите пријателства се вредни, како најсветлата ѕвезда на новогодишното небо, како насмевката на задоволно дете, како среќни насмеани очи и подадено раче за подарок. Вакво пријателство негуваат вработените од Комерцијална банка АД Скопје и Центарот за едукација на деца на улица од Шуто Оризари. И оваа година, подароци за 120 дечиња, заеднички појадок, приредба за гостите и секогаш корисен новогодишен подарок за полесно преживување на секојдневието. Децата од Центарот секоја година во ова време прашуваат: „Кога ќе дојдат од Комерцијална банка?“ Тие очекуваат а вработените се подготвуваат за средба после која Новата година се чека со повеќе надеж, дека барем дел од овие деца ќе успеат да го најдат својот „млечен пат“ во животот.

 

Старите пријателства се вредни
 
Од предновогодишната дружба во Центарот за едукација на деца на улица од Шуто Оризари со вработените од Комерцијална банка.






А Р Х И В А