Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



10.11.2017 - Банката спонзор на Фестивалот „Златно славејче 2017“


Од 16 до 18 ноември, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје по 47-ми пат ќе се одржи Фестивалот „Златно славејче“.

Банката, како општествено одговорна компанија која го следи развојот на младите поколенија, дванаесет години по ред е спонзор на овој најпрестижен детски фестивал во Републиката. И оваа година златните славејчиња повторно ќе застанат на сцената и ќе ги отпеат своите хитови.

За таа цел се подготвени нови, досега необјавени детски композиции, во придружба со кореографија, кои публиката ќе може да ги слушне на фестивалските вечери.






19.04.2018 - Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)


Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

 

Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. При тоа, на оној за кој сте направиле добро дело му давате картичка која тој понатаму ја дава на оној за кој ќе направи добро дело, така што таа картичка патува помеѓу луѓето со секое направено добро дело. Патот на картичката нема конкретна патека, ниту правила кога и каде треба да оди или да заврши. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

 

Со промоцијата на KomPay волонтерите и вработените во Комерцијална банка покажаа како на дело функционира „Продолжи понатаму“, па така волонтерите ѝ помогнаа на жена со дете да се справи со товарот кој го носеше во раце и ѝ дадоа картичка на која и таа ќе треба да ги одбележи своите добри дела и да ја даде понатаму. Одговорното лице во киното Cineplexx на волонтерите им подари пуканки и им даде картичка за продолжување на добрите дела. На овој начин вработените во Комерцијална банка АД Скопје започнаа една нова општествено одговорна иницијатива, која треба да прерасне во традиција.  

 

Подржувачите на движењето „Pay It Forward“ веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење.
 

 Pay it Forward




19.04.2018 - Со секоја трансакција со KomPay помагаме за одржување на младинските центри „Сакам да знам“


Со промоцијата на новата услуга KomPay на Комерцијална банка АД Скопје, што се одржа во Сити Мол пред касите на Cineplexx, сите клиенти заинтересирани за безбедно, брзо и ефикасно плаќање имаа можност да се запознаат со едноставната инсталација на апликацијата и практичноста при плаќањата со картичките на Комерцијална банка.

 

Од секоја трансакција со услугата Kom Pay, Комерцијална банка АД Скопје издвојува по еден денар за младинските центри „Сакам да знам“ затоа што „Здрава и образована младина е услов за успешна иднина“, сметаат од Комерцијална банка.

 

На промоцијата беа поканети и волонтери од младинските центра „Сакам да знам“ кои преку флаери ги запознаваа посетителите на Сити Мол со работата на центрите, како први и единствени центри во Скопје кои нудат бесплатни и доверливи здравствени услуги и советување за младите и за социјално маргинализираните лица. Од отворањето во 2006 година до денес, двата младински центри „Сакам да знам“ имаат понудено повеќе од 88.000 услуги на над 27.000 клиенти. Од нив, околу 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално исклучени или ранливи групи, а околу 20% се студенти и средношколци.
 
KomPay
 
KomPay



13.4.2018 - Комерцијална банка спонзор на Камерниот оркестар „Скопски солисти“


Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на Камерниот оркестар „Скопски солисти“ на концертот кој ќе се одржи по повод Велигденските празници, насловен како „Празничен концерт“.

На овој концерт, покрај Камерниот оркестар „Скопски солисти“, ќе земат учество и познатиот и светски наградуван хор „Св. Злата Мегленска“, а под диригентската палка на познатиот бугарски диригент Андреј Андреев.

Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонија на 14.4.2018 година.




12.04.2018 - Известување


Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 11.04.2018 година Маргот Џејкобс поднесе оставка од член на Надзорниот одбор на Банката, од причина што East Capital Explorer Investments AB не е повеќе акционер во Банката.




05.04.2018 - СООПШТЕНИЕ


Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 30 април 2018 година ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година

 

Право на исплата на дивиденда за 2017 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на  19 април 2018 година.

 

Исплатата на дивиденда за 2017 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Банката или во друга банка.

 

За исплатата на дивиденда за физички лица, плаќањето на ПДД ќе се врши со електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до УЈП, согласно Законот за измени и дополнувања на Законот за персонален данок (Службен весник бр. 190/2017). Заради потребата од целосни податоци за внес во е-ППД системот, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно евидентирање во даночната евиденција на  УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив приход од кој било вид во Република Македонија. 

 

На физичките лица средствата од дивидендата за 2017 година ќе им бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка АД Скопје,  освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка АД Скопје во таков случај средствата од дивидендата за 2017 година ќе ги уплати на назначената сметка.

 

Физичките лица кои немаат сметка во Комерцијална банка АД Скопје или не дале овластување, ќе треба за исплата на дивиденда за 2017 година да отворат сметка во Банката или да дадат овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Ова можат да го направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

 

Согласно член 77, став 8, од Законот за персонален данок на доход,  пресметката на персонален данок од дивиденди и други приходи остварени со учество во добивката во 2017 година, а исплатена во 2018 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата. Доколку некои од акционерите не го добијат документот поради технички причини (промена на адреса и слично), истиот ќе може да го подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

 

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви:  3168 311, 3168 310, 3168 312 и 3168 308.

 

Комерцијална банка АД  Скопје




04.04.2018 - Соопштение


Денес, 04.04.2018 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

 

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2017 година со бруто-добивка во износ од 912,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 91,9 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 820,5 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 820,5 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 18% од номиналната вредност на акцијата, односно по 180 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 410,3 милиони денари, да се издвои во резерви.

 

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

 

 

 

 

ДИРЕКЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ

 

И ИНФОРМИРАЊЕ




28.03.2018 - ЕБРД ја награди Комерцијална банка со две престижни награди


Комерцијална банка АД Скопје е добитник на две награди од ЕБРД за својата работа и достигнувања во 2017 година.

 

Наградата „Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia” Банката ја добива по тринаесети пат како најактивна банка во меѓународната трговија (ТФП) во Република Македонија, но оваа година, за прв пат „Deal of the Year” for KB/938 (Зделка на годината за трансакција во која се вклучени две земји и две банки) оди во рацете на професионалниот тим на Комерцијална банка.

 

Конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно знаење и експертиза, па затоа оваа награда ЕБРД ја доделува  за прв пат на Комерцијална банка, а се однесува на целиот регион каде дејствува ЕБРД (Европа, Азија и Африка)

 

Со оваа награда Комерцијална банка АД Скопје стана дел од светската мапа на меѓународни трговски експерти.

 

 







А Р Х И В А