Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



22.12.2017 – Старите пријателства се како ѕвезда


 

Старите пријателства се вредни, како најсветлата ѕвезда на новогодишното небо, како насмевката на задоволно дете, како среќни насмеани очи и подадено раче за подарок. Вакво пријателство негуваат вработените од Комерцијална банка АД Скопје и Центарот за едукација на деца на улица од Шуто Оризари. И оваа година, подароци за 120 дечиња, заеднички појадок, приредба за гостите и секогаш корисен новогодишен подарок за полесно преживување на секојдневието. Децата од Центарот секоја година во ова време прашуваат: „Кога ќе дојдат од Комерцијална банка?“ Тие очекуваат а вработените се подготвуваат за средба после која Новата година се чека со повеќе надеж, дека барем дел од овие деца ќе успеат да го најдат својот „млечен пат“ во животот.

 

Старите пријателства се вредни
 
Од предновогодишната дружба во Центарот за едукација на деца на улица од Шуто Оризари со вработените од Комерцијална банка.





20.09.2018 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и за работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Штип, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.180,00 денари.

 

Огласот трае од 19.09.2018 година, заклучно со 28.09.2018 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да  пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Штип”

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




18.09.2018 - Народната банка на РМ издаде согласност на Фатмир Етеми за член на Надзорниот одбор


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на РМ издаде согласност на Фатмир Етеми за член на Надзорниот одбор, именуван со Одлука на Собранието на Банката одржано на 14.06.2018 година.




18.09.2018 – Поддршка на значајни културни настани во септември


Спонзор на Фестивалот „Браќа Манаки“

 

Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот кој оваа година ќе се одржи од 22 до 29 септември по 39-ти пат, се вбројува меѓу најзначајните културни настани во Република Македонија.

Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната јавност. Годинава се подготвува извонредна програма со над 120 поканети гости од странство.

 

 

Банката спонзор на Интернационалниот фестивал за поп-музика „Еврофест 2018“

 

Комерцијална банка АД Скопје оваа година е спонзор на дваесетивториот Интернационален фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ - добитник на високото признание WAFA – Светска организација на фестивали.

Овој фестивал ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 година на две локации – како дисперзиран проект во родното Крушево на Тоше Проески, каде пејачите од 12 земји ќе положат цвеќе на гробот на Тоше а вечерта ќе пеат во негова чест. Истата програма ќе биде изведена следниот ден на 29 септември во салата на Домот на Армијата во Скопје и ќе биде снимена за одложено емитување.

Со поддржување на овој фестивал Банката уште еднаш придонесува достоинствено да се одбележи  чинот на чествување како што заслужува овој великан – нашата национална гордост во чија чест ќе пеат победниците – лауреати на европските фестивали, заедно со нашите.




03.09.2018 - Дополнителна заштита при купување преку Интернет


Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет со Mastercard® и Visa картички. Отсега, за одредени интернет-трансакции, како дополнителна мерка на заштита Банката ќе Ви испраќа СМС порака со код за верификација, на телефонскиот број што сте го пријавиле. Кодот за верификација ќе треба да го внесете за Вашата трансакција да биде успешно завршена.

 

За да можете да ја користите оваа бесплатна дополнителна заштита, потребно е да ги ажурирате своите податоци со бројот на вашиот мобилен телефон. Ажурирањето можете да го направите преку услугата Интернет банка, мобилната апликација мБанка или на шалтерите на Банката.

 

За повеќе информации и најчесто поставувани прашања посетете го следниот линк.

 

Ви благодариме за соработката.

 

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А