Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



08.02.2018 - Две награди за Комерцијална банка од ЕБРД


Комерцијална банка АД Скопје годинава е добитник на две награди од Европската банка за обнова и равој (ЕБОР).

 

Наградата „Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia“ Комерцијална ја добива во континуитет како најактивна банка во ТФП (Програма за финансирање на надворешната трговија) во Македонија.

 

Наградата  „Deal of the Year“ for KB/938“ ја сметаме за особено значајна бидејќи за прв пат се доделува на Комерцијална банка АД Скопје, а се однесува на целиот регион (Европа, Азија, Африка) каде што делува ЕБОР. Со оваа награда Комерцијална банка станува дел од светското семејство на меѓународните експерти за финансирање на надворешната трговија. Зделка на годината („Deal of the year“)  – е награда која ЕБОР ја доделува секоја година, почнувајќи од 2000-та, и тоа во три категории:

  • Зделка на годината за енергетска ефикасност („Deal of the year for energy efficiency“);
  • Зделка на годината за социјален импакт („Deal of the year for social impact“);
  • Зделка на годината за севкупен импакт („Deal of the year – overall impact“).

 

Комерцијална банка е добитник на „Deal of the year- overall impact“ за акредитив каде што во трансакцијата се вклучени две земји, активни во меѓународна трговија (trade finance),  и две банки кои се оперативно вклучени во ЕБОР -ТФП како издавачки и конфирмирачки банки.

 

Бидејќи конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство, со оваа награда, уште еднаш,  тимот за документарно работење на КБ со својата експертиза се етаблира во меѓународни рамки.

 






14.05.2018 – Нова Mastercard® Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка


Со задоволство ја претставуваме новата Mastercard® Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија.

 

Mastercard® Wizz Air ги нуди сите бенефиции на кредитна картичка прифатена секаде во светот, но и одлични предности и бонуси кои се достапни преку специјалната Програма за лојалност:

 

  • Гратис 600 поени за добредојде (1 поен е еднаков на 1 денар)
  • Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот за пониски цени за корисникот на картичката и за 5 патници кои патуваат со него (редовна цена од 60 евра годишно)
  • Бонус поени со секое купување:
    • 4% од износот на трансакција направена на www.wizzair.com
    • 2% од износот на сите други трансакции
  • Дополнителни картички за најблиските и многу други поволности.

 

Сите детали за картичката и Програмата за лојалност се достапни на следниот линк, а аплицирањето се врши преку експозитурите и филијалите на Комерцијална банка.
 
 
KBWizz
 



14.5.2018 - Комерцијална банка Спонзор на Фестивалот„Прозорец кон италијанската кинематографија“


Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани.

Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на Италијанскиот филмски фестивал насловен „Прозорец кон италијанската кинематографија“ кој ќе се одржи во периодот од 17 до 23 мај во Кинотеката на Македонија. Од вкупно седум филмови, првиот филм ќе биде прикажан во кино „Милениум“.




11.05.2018 - Комерцијална банка прогласена за „Амбасадор на добрината“ од „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)


Комерцијална банка АД Скопје, заедно со поддржувачите на светското движење „Pay it Forward“, се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму), во одбележувањето на светскиот ден на Продолжи понатаму во Скопје. Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки! Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат.  Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

 

Банката со своја донација ја поддржа прославата на денот на „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) 28 април 2018 г., а за својот ангажман и заложби за ширење на идејата и иницијативата за претворање на светот во подобро и похумано место на живеење, на прославата од годишнината на движењето „Pay it Forward“, беше прогласена за „Амбасадор на добрината“.
 
ambasador



08.05.2018 - Нoв промотивен период за дигитализирање на картички со KomPay


Банката го продолжи промотивниот период до 30.09.2018 година за бесплатно дигитализирањe до две Mastercard® картички од Комерцијална банка преку мобилната апликација KomPay. Повеќе детали на следниот линк.


08.05.2018 - Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на награда и признание од МБ


Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на „19-та годишна конференција на Македонската берза” е добитник на следнава награда и признание:

1.  „Кристално ѕвоно” за постигнато второ место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2017 година;

2. Плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2017 година.
 
 
plaketa
 
kristalno zvono



08.05.2018 - Успешно и масовно на Скопски маратон


Помина уште еден успешен Скопски маратон за учесниците од Комерцијална банка. Со учество од над 10.000 луѓе од 58 земји во светот, натпреварувачите во тимот на Комерцијална Банка ги истрчаа следните дисциплини:

 

Маратон - 42 км (1 учесник)

Полумаратон - 21 км ( 8 учесници)

Машка штафета - 4 учесници по 10,5 км

Женска штафета - 4 учесници по 10,5 км

 

Колегата Маријан Шамоски, најмладиот од сите учесници , ја реализираше својата желба и за прв пат истрча 42 км, што е посебен подвиг и предизвик. Во генералниот пласман го освои 49-то место од 296  учесници-мажи на 42 км, односно 20-то место од државното МК првенство во 2018 од вкупно 111 МК учесници-мажи на 42 км.

 

Им честитаме на сите натпреварувачи за учеството и покажаниот спортски дух.
 
маратон
 
маратон
 
маратон



08.05.2018 - Звоне Таљат веќе не е член на НО на Комерцијална банка


Согласно член 33 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 07.05.2018 година Звоне Таљат поднесе оставка на позицијата член на Надзорниот одбор на Банката.




24.04.2018 - Комерцијална банка АД Скопје наградена од Commerzbank AG, Frankfurt


Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата Commerzbank’s  STP Excellence Award за 2017 година, како признание за брзината и за квалитетот на меѓународните плаќања.  Оваа награда е особено значајна бидејќи Commerzbank ја потврдува одличната соработка и по втор пат го признава извонредниот квалитет  во директната обработка на плаќањата на Комерцијална банка АД.  Високиот степен на ефикасност на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што ѝ дава конкурентска предност на Банката.  

 

Наградата претставува уште една потврда за квалитетот на девизното работење, но и обврска за постојано автоматизирање и унапредување на овој сервис.







А Р Х И В А