Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



15.02.2018 - Витаминка го купи имотот на штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра


Денеска „Витаминка“ потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална банка АД Скопје. Во сопственост на „Витаминка“ АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 метри квадратни и земјиште со право на сопственост од 21.592 метри квадратни, подвижни ствари, како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна проценета вредност од 7.300.000 ЕУР во денарска противвредност.
 
Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија. „Со денешниот потпишан договор започнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија, што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството, како и развој на нова група производи. Правиме еден голем чекор напред што ќе значи поголема и подобрена деловност на Компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот“, велат од „Витаминка“.
 

Од Комерцијална банка, која се јавува во својство на продавач за значењето на договорот, велат: Задоволни сме што една од најдобрите македонски компании во прехранбената индустрија „Витаминка“ АД Прилеп го презема деловниот потфат на фабриката за масло за јадење „Брилијант“ од Штип. Сметаме дека овој договор има пошироко значење за економијата и ќе претставува успешно искуство во промоцијата на домашното производство.

 





06.12.2018 - Одржан настан „Ден за Вас - На пат кон дигитална трансформација“


Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката.

 

Тргнувајќи од влијанието на технологиите во современиот живот, како и забрзаната динамика во извршување на секојдневните деловни, но и приватни обврски, Банката работеше на тоа да понуди нови дигитални решенија кои ќе им овозможат на клиентите да управуваат со средствата на компанијата на едноставен, сигурен и брз начин. Во таа насока е и воведувањето на новата мобилна апликација на Комерцијана банка, мБанкаКо, која ексклузивно беше промовирана на настанот „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“.

 

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентите.  мБанкаКо има вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци, а за поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и за месечен промет, дефинирани од Банката.

 

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата со ПП30, ПП50 и ПП53 (внесување, потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање), продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и на периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации. Повеќе за апликацијата може да прочитате на следниот линк .

 

На настанот „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ беа претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, пред сè можноста за потпишување налог за исплата на готовина ПП40 и определување лице кое ќе ја подигне готовината на шалтер.

 

Вработени во Банката на присутните на настанот им ја презентираа и KomPay, бесплатната мобилна апликација на Комерцијална банка која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места. KomPay апликацијата овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да се вршат плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.

 

Грижата за клиентите продолжува и во иднина и Банката ќе продолжи да работи и понатаму за надградување на понудените услуги и за нивно прилагодување на потребите на своите клиенти.

 

Банката изразува голема благодaрност до присутните клиенти и се надева дека понудените новитети ќе им бидат од голема корист во секојдневното работење.







А Р Х И В А