Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



26.02.2018 - Промоција на најновата услуга на Комерцијална банка АД Скопје


Почитувани, денес 26.02.2018 година, Комерцијална банка АД Скопје во соработка со MasterCard  ја претстави стратегиски иновативната услуга KomPay. Со воведувањето на мобилна апликација која овозможува најсовремена технологија за спроведување бесконтактни плаќања со дебитни и кредитни картички издадени од страна на Банката, Комерцијална банка АД Скопје е прва банка во Република Македонија што ја обезбедува оваа услуга за своите клиенти. Новата технологија на плаќање е сè уште во зачеток и кај земјите во опкружувањето.

 

KomPay е мобилна апликација наменета за физички или за правни лица - корисници на Mastercard платежни картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем.  Со помош на  NFC технологијата за плаќања, мобилната апликација станува „мобилен паричник“ кој ќе им обезбеди на корисниците побрзо и поедноставно плаќање.

 

Едноставноста, брзината и сигурноста се едни од клучните предности на оваа апликација. Преку нејзиното користење се добива можност за спроведување бесконтактни плаќања со мобилниот уред на продажни места ширум светот. На овој начин на корисниците им е овозможено да заштедат време, кое може да го искористат за суштински активности.

 

„Денес, кога ја одржуваме една од најголемите мрежи на банкомати и ПОС терминали во земјата, и имаме најбезбедна платформа за Интернет и Мобилно банкарство, задоволство ни е нашите сограѓани да ги доближиме до најсовремените светски текови во доменот на дигитализирани плаќања. Ова всушност отсекогаш била нашата цел – да понудиме што подобри и побезбедни решенија, за да добијат нашите клиенти најмногу за своите средства“ изјавија од Комерцијална банка АД Скопје.

 

„Со задоволство можам да соопштам дека Комерцијална банка ќе донира 1 денар со секоја успешна трансакција направена со KomPay во промотивниот период (од 26.02 до 30.04. 2018 година) , а средствата кои ќе се обезбедат ќе бидат донирани на двата Младинските центри „Сакам да знам“ во Шуто Оризари и Водно, а со нив раководи Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. во партнерство со Здравствен дом Скопје. Се работи за првите и единствени центри во Скопје, отворени во 2006 година, кои нудат бесплатни здравствени услуги и советување за младите и социјално маргинализираните лица, по принцип на доверливост и неосудување. Оваа навистина благородна мисија  Комерцијална банка веќе две години финансиски ја поддржува. На овој начин, се надеваме дека заедно со нашите клиенти и партнери ќе обезедиме дополнителна финансиска помош и ќе овозможиме уште подобри услови за соодветна грижа и советување за оваа исклучително важна категорија на млади лица“ им соопшти Главниот финансов директор Маја Стевкова Штериева на присутните.

 

Поради лошите временски услови, претставникот на Mastercard г-ѓа Вања Манова, која е регионален директор за Бугарија и за Македонија во Mastercard Worldwide, не присуствуваше на презентацијата но во својот допис таа вели:

 

„Ние во Мастеркард навистина го цениме фактот што Комерцијална банка е секогаш меѓу првите активисти и трендсетери на иновации, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот, со силен придонес за подобрување на платната инфраструктура и креирање на модерни и попогодни начини за реализирање на плаќањата на клиентите.

 

PFZ_6547





20.06.2018 - Известување


Почитувани клиенти,

 

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти, корисници на платежни картички, дека деновиве е забележано зачестено рекламирање лажни интернет-продавници кои се декларираат како застапници на познати светски брендови, а со цел собирање податоци за вашите платежни картички и нивна понатамошна злоупотреба. Банката ги повикува клиентите на внимателност при користење непознати интернет-страници, како и да внимаваат на името на страницата пред да внесат лични податоци и податоци од платежните картички. Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет-продавница јавете се во нашиот 24/7 авторизациски центар на (02)3247 474 со цел блокирање на картичката и спречување понатамошна злоупотреба на вашите средства и личните податоци. Дополнително Ви препорачуваме уште еднаш да ги прочитате советите за безбедно користење на картичките, а Банката ќе продолжи континуирано да ја следи употребата на картички од страна на корисниците, преку интерните системи за заштита од злоупотреби и превентивно ќе презема акции за заштита на своите клиенти.




Комерцијална Банка АД Скопје објавува Оглас за избор


на Директор (Менаџер) на Филијала (лице со посебни права и одговорности) во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Битола, со мандат од 2 години.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или пост дипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
  • Работно искуство од најмалку 6 години,
  • Пожелно, но не задолжително искуство од работење во банка во Р. Македонија,
  •  Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии,
  • Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
  • Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
  • Менаџерски и лидерски способности,
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

 

Работното време:  40 часа неделно од понеделник до петок.

 

Почетна основна нето плата  56.160,00 денари

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV),  мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, Ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: “Oглас за вработување во Филијала Битола”

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

 

Огласот е објавен во АВРМ и истиот може да го побарате преку пребарувачот Google Chrome на web страната на АВРМ на следниот линк:

 

 https://e-rabota.avrm.gov.mk/OglasSearch.aspx


14.06.2018 - Известување за одржано Собрание на акционери


Денес, 14.06.2018 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје одржаа Собрание. На Собранието за членови на Надзорниот одбор на Банката беа избрани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми.

 

 

 

ДИРЕКЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ

 

И ИНФОРМИРАЊЕ




13.6.2018 - БАНКАТА ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ „ONE LOVE TOUR 2018“


Комерцијална банка АД Скопје ја има честа да биде  Генерален покровител на второто издание на Фестивалот насловен ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации!

 

Во Градскиот парк на големата полјана (зад Езерце) на 16.6.2018 година (сабота) ќе се одвива целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија, а во културно-уметничката програма учество ќе земат Златните славејчиња, групата „Љубојна“, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Оратница, Графа, Next Time и групата „Слаткаристика“.

 

Фестивалот ќе започне во 10:00 часот, а влезот е слободен.

 

Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје и овој пат со задоволство застана во поддршка на вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат нашиот културен живот.




12.06.2018 – Градиме навики за чиста средина


Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите  уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк на Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад. 

 

Во период од еден и пол час (09:00 до 10:30) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење, велат од Комерцијална банка.

 

Освен како едукативна, оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.
 
Чиста средина
 
Чиста средина



08.06.2018 – 10% попуст во Sport Vision со Mastercard® на Комерцијална банка


Нова промотивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка.


Во периодот од 10 јуни до 10 јули 2018 година, добивате 10% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија доколку платите со Mastercard® или со Maestro картичка на Комерцијална банка.


Попустот од 10% важи за целиот асортиман на производи и се пресметува и на веќе намалените цени, освен на производи кои се на периодична акција или на промоција.



Попустот важи и за еднократно плаќање и за плаќање на рати, а се пресметува директно на каса при плаќање со Mastercard® и со Maestro картичките на Комерцијална банка.


Master_nova



30.5.2018 – Годишен извештај на Банката за 2017 година


Годишниот извештај од работењето на Банката во 2017 година е достапен на македонски и на англиски јазик.







А Р Х И В А