Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



14.03.2018 - СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Во изминатиот период, Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје, како обезбедени кредитори на „ФЕНИ Индустри“ Кавадарци, презедоа низа активности со цел повторно активирање на производствениот процес на компанијата, секогаш земајќи предвид дека истиот е од стратешко значење за Република Македонија, како и за поширокиот јавен интерес, за вработените и за нивните семејства. Сметаме дека оваа цел е успешно постигната и дека остана уште последниот чекор да се избере најсериозниот инвеститор кој ќе понуди долгорочна перспектива за компанијата.

 

Во целиот период, додека се вложуваа напори да се пронајде најсоодветен инвеститор за сите доверители, се водеа разговори со голем број заинтересирани субјекти и на крај, последните денови, понуди за откуп на нашите побарувања од „ФЕНИ Индустри“ доставија две заинтересирани страни, „ГСОЛ“ и „Минстрој“. Двете понуди беа сериозни, покажуваа посветеност и позитивни намери за обезбедување на иднината на „ФЕНИ Индустри“, вклучувајќи и доказ за расположливи средства.

 

По оценувањето на понудите, одлуката на банките е да се избере понудата на „ГСОЛ“ како купувач на нашите побарувања. Ваквата одлука се заснова на целосна оцена на доставените понуди, роковите и условите за исплата на побарувањата, како и покажаната посветеност на овој инвеститор од почетокот на проблематичниот период за компанијата. Исто така, беше земено предвид дека „ГСОЛ“ веќе ја исплати заостаната плата на вработените во „ФЕНИ Индустри“, како и јавно објавената намера за соодветна исплата и на другите доверители кои имаат признаени побарувања во стечајната постапка на „ФЕНИ Индустри“. Согласно условите од понудата, банките очекуваат целосната реализација на договорот за откуп на нивните побарувања да биде завршена до крајот на март 2018 година.

 

Би сакале да им се заблагодариме на понудувачите и на сите заинтересирани инвеститори за нивните сериозни намери во врска со иднината на „ФЕНИ Индустри“ Кавадарци, искрено надевајќи се дека ќе имаме успешна соработка во идните проекти.

 

 

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

 

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

 






31.12.2018 Известување за намалени каматни стапки во 2019 година


Поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.01.2019 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица.

 

Новите каматни стапки се подетално наведени на веб-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а клиентите ќе добијат известување и преку изводот од сметката или картичката.




28.12.2018 - Известување за работно време на филијалите и експозитурите


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Банката на 31.12.2018 ќе работат со следното работно време:

  • Експозитурите ќе работат до 15:00 часот,
  • Филијалите и двосменските експозитури ќе работат до 16:00 часот,
  • Централата на Банката - КБ1, која се наоѓа на ул. Орце Николов бр. 3 во Скопје, ќе работи до 16:00 часот.



24.12.2018 - Десет години другарување пред Нова година


Традиционално дружење и забава на вработените од Комерцијална банка АД Скопје со децата од Дневниот центар за згрижување и едукација на децата од улица во Шуто Оризари. Маскирани како „Дедо Мраз и пријателите“ ги израдуваа децата со вкупно 150 новогодишни пакетчиња, а тие за возврат изведоа мала приредба и на гостите им подарија своерачно изработени новогодишни честитки. Радост и гушкања, песни и ветувања во предновогодишна атмосфера, што за претставниците на Банката и за децата од Центарот остава незаборавни сеќавања.

 
Nova godina 1
 
Nova godina 2






А Р Х И В А