Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



20.03.2018 - Кампања на Комерцијална банка и Веро


Во периодот од 15 март до 15 јуни 2018 година ќе биде реализирана заедничка кампања на Комерцијална банка и Веро маркетите.

Кампањата се однесува на сите постојни и идни корисници на Mastercard® платежните картички на Комерцијална банка кои со секоја направена трансакција во Веро маркетите со Mastercard® картичките на Банката ќе добијат поврат на средства во износ од 3% од трансакцијата.

Вкупниот поврат на средства од тековниот месец ќе биде префрлен на сметката на картичката на 10 наредниот месец.






06.12.2018 - Одржан настан „Ден за Вас - На пат кон дигитална трансформација“


Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката.

 

Тргнувајќи од влијанието на технологиите во современиот живот, како и забрзаната динамика во извршување на секојдневните деловни, но и приватни обврски, Банката работеше на тоа да понуди нови дигитални решенија кои ќе им овозможат на клиентите да управуваат со средствата на компанијата на едноставен, сигурен и брз начин. Во таа насока е и воведувањето на новата мобилна апликација на Комерцијана банка, мБанкаКо, која ексклузивно беше промовирана на настанот „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“.

 

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентите.  мБанкаКо има вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци, а за поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и за месечен промет, дефинирани од Банката.

 

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата со ПП30, ПП50 и ПП53 (внесување, потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање), продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и на периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации. Повеќе за апликацијата може да прочитате на следниот линк .

 

На настанот „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ беа претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, пред сè можноста за потпишување налог за исплата на готовина ПП40 и определување лице кое ќе ја подигне готовината на шалтер.

 

Вработени во Банката на присутните на настанот им ја презентираа и KomPay, бесплатната мобилна апликација на Комерцијална банка која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места. KomPay апликацијата овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да се вршат плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.

 

Грижата за клиентите продолжува и во иднина и Банката ќе продолжи да работи и понатаму за надградување на понудените услуги и за нивно прилагодување на потребите на своите клиенти.

 

Банката изразува голема благодaрност до присутните клиенти и се надева дека понудените новитети ќе им бидат од голема корист во секојдневното работење.




14.11.2018 Комерцијална банка најуспешна во тргување


Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance.

 

Изборот за “Најдобар FX Провајдер” на финансиските пазари во Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење на иновативни технологии.

 

Прогласувањето на Банката за “Најдобар FX Провајдер за Република Македонија” е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Комерцијална банка ги нуди; за понудата на финансиски инструменти; конкурентноста, како и потврда на лидерската позиција на Банката во областа на тргувањето на домашните и глобалните финансиски пазари.







А Р Х И В А