Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



05.04.2018 - СООПШТЕНИЕ


Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 30 април 2018 година ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година

 

Право на исплата на дивиденда за 2017 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на  19 април 2018 година.

 

Исплатата на дивиденда за 2017 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Банката или во друга банка.

 

За исплатата на дивиденда за физички лица, плаќањето на ПДД ќе се врши со електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до УЈП, согласно Законот за измени и дополнувања на Законот за персонален данок (Службен весник бр. 190/2017). Заради потребата од целосни податоци за внес во е-ППД системот, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно евидентирање во даночната евиденција на  УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив приход од кој било вид во Република Македонија. 

 

На физичките лица средствата од дивидендата за 2017 година ќе им бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка АД Скопје,  освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка АД Скопје во таков случај средствата од дивидендата за 2017 година ќе ги уплати на назначената сметка.

 

Физичките лица кои немаат сметка во Комерцијална банка АД Скопје или не дале овластување, ќе треба за исплата на дивиденда за 2017 година да отворат сметка во Банката или да дадат овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Ова можат да го направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

 

Согласно член 77, став 8, од Законот за персонален данок на доход,  пресметката на персонален данок од дивиденди и други приходи остварени со учество во добивката во 2017 година, а исплатена во 2018 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата. Доколку некои од акционерите не го добијат документот поради технички причини (промена на адреса и слично), истиот ќе може да го подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

 

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви:  3168 311, 3168 310, 3168 312 и 3168 308.

 

Комерцијална банка АД  Скопје






18.9.2018 - Народната банка на РМ издаде согласност на Фатмир Етеми за член на Надзорниот одбор


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на РМ издаде согласност на Фатмир Етеми за член на Надзорниот одбор, именуван со Одлука на Собрание на Банката одржано на 14.06.2018 година.




18.09.2018 – Поддршка на значајни културни настани во септември


Спонзор на Фестивалот „Браќа Манаки“

 

Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот кој оваа година ќе се одржи од 22 до 29 септември по 39-ти пат, се вбројува меѓу најзначајните културни настани во Република Македонија.

Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната јавност. Годинава се подготвува извонредна програма со над 120 поканети гости од странство.

 

 

Банката спонзор на Интернационалниот фестивал за поп-музика „Еврофест 2018“

 

Комерцијална банка АД Скопје оваа година е спонзор на дваесетивториот Интернационален фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ - добитник на високото признание WAFA – Светска организација на фестивали.

Овој фестивал ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 година на две локации – како дисперзиран проект во родното Крушево на Тоше Проески, каде пејачите од 12 земји ќе положат цвеќе на гробот на Тоше а вечерта ќе пеат во негова чест. Истата програма ќе биде изведена следниот ден на 29 септември во салата на Домот на Армијата во Скопје и ќе биде снимена за одложено емитување.

Со поддржување на овој фестивал Банката уште еднаш придонесува достоинствено да се одбележи  чинот на чествување како што заслужува овој великан – нашата национална гордост во чија чест ќе пеат победниците – лауреати на европските фестивали, заедно со нашите.




03.09.2018 - Дополнителна заштита при купување преку Интернет


Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет со Mastercard® и Visa картички. Отсега, за одредени интернет-трансакции, како дополнителна мерка на заштита Банката ќе Ви испраќа СМС порака со код за верификација, на телефонскиот број што сте го пријавиле. Кодот за верификација ќе треба да го внесете за Вашата трансакција да биде успешно завршена.

 

За да можете да ја користите оваа бесплатна дополнителна заштита, потребно е да ги ажурирате своите податоци со бројот на вашиот мобилен телефон. Ажурирањето можете да го направите преку услугата Интернет банка, мобилната апликација мБанка или на шалтерите на Банката.

 

За повеќе информации и најчесто поставувани прашања посетете го следниот линк.

 

Ви благодариме за соработката.

 

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А