Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



19.04.2018 - Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)


Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

 

Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. При тоа, на оној за кој сте направиле добро дело му давате картичка која тој понатаму ја дава на оној за кој ќе направи добро дело, така што таа картичка патува помеѓу луѓето со секое направено добро дело. Патот на картичката нема конкретна патека, ниту правила кога и каде треба да оди или да заврши. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

 

Со промоцијата на KomPay волонтерите и вработените во Комерцијална банка покажаа како на дело функционира „Продолжи понатаму“, па така волонтерите ѝ помогнаа на жена со дете да се справи со товарот кој го носеше во раце и ѝ дадоа картичка на која и таа ќе треба да ги одбележи своите добри дела и да ја даде понатаму. Одговорното лице во киното Cineplexx на волонтерите им подари пуканки и им даде картичка за продолжување на добрите дела. На овој начин вработените во Комерцијална банка АД Скопје започнаа една нова општествено одговорна иницијатива, која треба да прерасне во традиција.  

 

Подржувачите на движењето „Pay It Forward“ веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење.
 

 Pay it Forward






16.08.2018 – Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 г.


Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance.

 

Високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае врз заштедата на време и трошоци, што ѝ дава конкурентска предност на Банката. Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за комитентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања.




13.08.2018 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Самостоен стручен соработник за тргување со хартии од вредност (Брокер) во Комерцијална банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за работа со хартии од вредност (брокер);
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова тел: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




13.08.2018 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Самостоен стручен соработник за инвестициско банкарство во Комерцијална Банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет или Правен факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за инвестициски советник;
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова тел.: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




08.08.2018 - Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје ја преземаат Тирана банка од Пиреус банка


Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје со задоволство објавуваат дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка. Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанција за заедничко работење во Република Албанија.

 

Купопродажната трансакција е предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните јурисдикции.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, и предводена од меѓународен Управен одбор ќе продолжи да ги проширува активностите на Банката во Република Албанија.

 

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат да ја надградат таа репутација и доверба од клиентите и понатаму да ги зголемат активностите на Банката.

 

Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.

 

Комерцијална банка АД Скопје е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање нови производи користејќи интернет-платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра, Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа.




Ванчо Чифлиганец и официјално член на Надзорниот одбор на Банката


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на РМ издаде согласност на Ванчо Чифлиганец за член на Надзорниот одбор, именуван со Одлука на Собранието на Банката одржано на 14.06.2018 година.







А Р Х И В А