Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



08.05.2018 - Успешно и масовно на Скопски маратон


Помина уште еден успешен Скопски маратон за учесниците од Комерцијална банка. Со учество од над 10.000 луѓе од 58 земји во светот, натпреварувачите во тимот на Комерцијална Банка ги истрчаа следните дисциплини:

 

Маратон - 42 км (1 учесник)

Полумаратон - 21 км ( 8 учесници)

Машка штафета - 4 учесници по 10,5 км

Женска штафета - 4 учесници по 10,5 км

 

Колегата Маријан Шамоски, најмладиот од сите учесници , ја реализираше својата желба и за прв пат истрча 42 км, што е посебен подвиг и предизвик. Во генералниот пласман го освои 49-то место од 296  учесници-мажи на 42 км, односно 20-то место од државното МК првенство во 2018 од вкупно 111 МК учесници-мажи на 42 км.

 

Им честитаме на сите натпреварувачи за учеството и покажаниот спортски дух.
 
маратон
 
маратон
 
маратон





17.10.2018 - Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“


Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни да се преживеат студените зимски денови кои следуваат. Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.
 
Комерцијална банка донира храна
 



26.09.2018 - Обезбедување повисоко ниво на сигурност


Почитувани корисници,

 

Почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство (https://www.banka.com.mk) и системот за работа со хартии од вредност (https://etrader.kb.com.mk) на Комерцијална банка АД Скопје, ќе може да пристапувате само од следните верзии на веб-пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

 

 Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

 

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).

 

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А