Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



08.05.2018 - Нoв промотивен период за дигитализирање на картички со KomPay


Банката го продолжи промотивниот период до 30.09.2018 година за бесплатно дигитализирањe до две Mastercard® картички од Комерцијална банка преку мобилната апликација KomPay. Повеќе детали на следниот линк.




09.01.2018 - Кредит од ЕБОР за поддршка на конкурентноста


Пет милиони евра обезбедени од Европската банка за обнова и развој се достапни на македонските мали и средни претпријатија  за подобрување на конкурентноста преку Комерцијална банка АД Скопје.

 

Кредитот на ЕБОР е поддржан со грант од 750.000 евра од ЕУ, доделен преку Инструментот за Пред-пристапна помош (Instrument for Pre-Accession Assistance  – IPA) и најмалку 60 отсто од средствата на ЕБОР за Комерцијална банка АД Скопје, се наменети за намалување на енергијата и користење на ресурсите, како и за трошоците поврзани со нив.

 

-МСП се основата на македонската економија. Согласно податоците на ЕУ, околу 80 отсто од сите работни места во земјата се генерирани од МСП во земјата, што е високо над просекот во ЕУ кој изнесува 66 отсто. Со овој кредит,  ЕБОР има за цел да го подобри пристапот до финансирање во земјата, кој се уште претставува предизвик. Во 2018 година, кредитни линии од оваа иста програма беа овозможени и на Шпаркасе банка Македонија и на Охридска банка, наведуваат од ЕБОР.

 

Во наредниве години, Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан ќе обезбеди вкупно 30 милиони евра кредитирање на македонските комецијални банки, каде ЕУ ќе додели уште 6 милиони евра грант.

 

Постоечката програма е надградба на претходно доделените 20 милиони евра преку Програмата за поддршка на конкурентноста, која беше активна од 2010 година до 2015 година и беше поддржана од Европската Унија, која обезбеди грант од 4 милиони евра.

 

ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен деловен обем од над 1,75 милијарди евра.

 




31.12.2018 Известување за намалени каматни стапки во 2019 година


Поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.01.2019 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица.

 

Новите каматни стапки се подетално наведени на веб-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а клиентите ќе добијат известување и преку изводот од сметката или картичката.




28.12.2018 - Известување за работно време на филијалите и експозитурите


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Банката на 31.12.2018 ќе работат со следното работно време:

  • Експозитурите ќе работат до 15:00 часот,
  • Филијалите и двосменските експозитури ќе работат до 16:00 часот,
  • Централата на Банката - КБ1, која се наоѓа на ул. Орце Николов бр. 3 во Скопје, ќе работи до 16:00 часот.



24.12.2018 - Десет години другарување пред Нова година


Традиционално дружење и забава на вработените од Комерцијална банка АД Скопје со децата од Дневниот центар за згрижување и едукација на децата од улица во Шуто Оризари. Маскирани како „Дедо Мраз и пријателите“ ги израдуваа децата со вкупно 150 новогодишни пакетчиња, а тие за возврат изведоа мала приредба и на гостите им подарија своерачно изработени новогодишни честитки. Радост и гушкања, песни и ветувања во предновогодишна атмосфера, што за претставниците на Банката и за децата од Центарот остава незаборавни сеќавања.

 
Nova godina 1
 
Nova godina 2






А Р Х И В А