Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



14.05.2018 – Нова Mastercard® Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка


Со задоволство ја претставуваме новата Mastercard® Wizz Air кредитна картичка од Комерцијална банка, првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија.

 

Mastercard® Wizz Air ги нуди сите бенефиции на кредитна картичка прифатена секаде во светот, но и одлични предности и бонуси кои се достапни преку специјалната Програма за лојалност:

 

  • Гратис 600 поени за добредојде (1 поен е еднаков на 1 денар)
  • Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот за пониски цени за корисникот на картичката и за 5 патници кои патуваат со него (редовна цена од 60 евра годишно)
  • Бонус поени со секое купување:
    • 4% од износот на трансакција направена на www.wizzair.com
    • 2% од износот на сите други трансакции
  • Дополнителни картички за најблиските и многу други поволности.

 

Сите детали за картичката и Програмата за лојалност се достапни на следниот линк, а аплицирањето се врши преку експозитурите и филијалите на Комерцијална банка.
 
 
KBWizz
 





17.10.2018 - Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“


Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни да се преживеат студените зимски денови кои следуваат. Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.
 
Комерцијална банка донира храна
 



26.09.2018 - Обезбедување повисоко ниво на сигурност


Почитувани корисници,

 

Почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство (https://www.banka.com.mk) и системот за работа со хартии од вредност (https://etrader.kb.com.mk) на Комерцијална банка АД Скопје, ќе може да пристапувате само од следните верзии на веб-пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

 

 Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

 

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).

 

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А