Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



30.5.2018 – Годишен извештај на Банката за 2017 година


Годишниот извештај од работењето на Банката во 2017 година е достапен на македонски и на англиски јазик.






14.06.2018 - Известување за одржано Собрание на акционери


Денес, 14.06.2018 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје одржаа Собрание. На Собранието за членови на Надзорниот одбор на Банката беа избрани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми.

 

 

 

ДИРЕКЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ

 

И ИНФОРМИРАЊЕ




13.6.2018 - БАНКАТА ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ „ONE LOVE TOUR 2018“


Комерцијална банка АД Скопје ја има честа да биде  Генерален покровител на второто издание на Фестивалот насловен ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации!

 

Во Градскиот парк на големата полјана (зад Езерце) на 16.6.2018 година (сабота) ќе се одвива целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија, а во културно-уметничката програма учество ќе земат Златните славејчиња, групата „Љубојна“, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Оратница, Графа, Next Time и групата „Слаткаристика“.

 

Фестивалот ќе започне во 10:00 часот, а влезот е слободен.

 

Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје и овој пат со задоволство застана во поддршка на вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат нашиот културен живот.




12.06.2018 – Градиме навики за чиста средина


Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите  уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк на Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад. 

 

Во период од еден и пол час (09:00 до 10:30) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење, велат од Комерцијална банка.

 

Освен како едукативна, оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.
 
Чиста средина
 
Чиста средина



08.06.2018 – 10% попуст во Sport Vision со Mastercard® на Комерцијална банка


Нова промотивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка.


Во периодот од 10 јуни до 10 јули 2018 година, добивате 10% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија доколку платите со Mastercard® или со Maestro картичка на Комерцијална банка.


Попустот од 10% важи за целиот асортиман на производи и се пресметува и на веќе намалените цени, освен на производи кои се на периодична акција или на промоција.



Попустот важи и за еднократно плаќање и за плаќање на рати, а се пресметува директно на каса при плаќање со Mastercard® и со Maestro картичките на Комерцијална банка.


Master_nova



21.05.2018 - Освоени високи резултати во сите категории на Банкарските спортски игри


На годинешните, 20-ти по ред, Банкарските спортски игри, организирани од страна на Синдикатот на финансиски организации на Македонија (СФОМ,) одржани во Охрид, во периодот од 17 до 20.05.2018 година, учествуваа 12 финансиски институции.

 

Банката имаше натпреварувачки екипи во сите категории, а резултатите што истите ги постигнаа се следните:

1. Прво место -  Одбојка жени, Куглање жени, Куглање мажи и Пикадо жени

2. Второ место -  Пинг-понг жени

3.Трето место - Стрелаштво мажи и Стрелаштво жени.  

 

Во генералниот пласман на игрите, екипите на Банката го освоија третото место.
 
Bankarski igri






А Р Х И В А