Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



08.06.2018 – 10% попуст во Sport Vision со Mastercard® на Комерцијална банка


Нова промотивна акција со Mastercard® картичките на Комерцијална банка.


Во периодот од 10 јуни до 10 јули 2018 година, добивате 10% попуст во сите продавници на Sport Vision во Македонија доколку платите со Mastercard® или со Maestro картичка на Комерцијална банка.


Попустот од 10% важи за целиот асортиман на производи и се пресметува и на веќе намалените цени, освен на производи кои се на периодична акција или на промоција.



Попустот важи и за еднократно плаќање и за плаќање на рати, а се пресметува директно на каса при плаќање со Mastercard® и со Maestro картичките на Комерцијална банка.


Master_nova





16.08.2018 – Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017г.


Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance.

 

Високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што и дава конкурентска предност на Банката. Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања.




13.08.2018 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Самостоен стручен соработник за тргување со хартии од вредност (Брокер) во Комерцијална банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за работа со хартии од вредност (брокер);
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова тел: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




13.08.2018 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Самостоен стручен соработник за инвестициско банкарство во Комерцијална Банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет или Правен факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Положен стручен испит за инвестициски советник;
  • Со 4 (четири) години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, од 08:00 до 16:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова тел.: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




08.08.2018 - Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје ја преземаат Тирана банка од Пиреус банка


Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје со задоволство објавуваат дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка. Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанција за заедничко работење во Република Албанија.

 

Купопродажната трансакција е предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните јурисдикции.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, и предводена од меѓународен Управен одбор ќе продолжи да ги проширува активностите на Банката во Република Албанија.

 

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат да ја надградат таа репутација и доверба од клиентите и понатаму да ги зголемат активностите на Банката.

 

Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.

 

Комерцијална банка АД Скопје е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање нови производи користејќи интернет-платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра, Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа.




Ванчо Чифлиганец и официјално член на Надзорниот одбор на Банката


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на РМ издаде согласност на Ванчо Чифлиганец за член на Надзорниот одбор, именуван со Одлука на Собранието на Банката одржано на 14.06.2018 година.







А Р Х И В А