Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



12.06.2018 – Градиме навики за чиста средина


Во акцијата што вработените и менаџментот од Комерцијална банка АД Скопје и познатите  уметници Влатко Стефановски и Весна Гиновска Илкова во соработка со „Пакомак“ ја спроведоа на 9 јуни во Градскиот парк на Скопје, под мотото „Чиста навика“ беа собрани најмалку 40 големи кеси со отпад. 

 

Во период од еден и пол час (09:00 до 10:30) близу 100 волонтери, некои од нив придружувани од нивните деца, собраа големо количество отпад кој секојдневно го оставаат посетителите на Градскиот парк. Токму затоа и мотото на оваа акција беше „Чиста навика“ или со овој настан учесниците во акцијата сакаа да поттикнат на размислување и совесност при користење на заедничките простори, истите да останат чисти и по нивното користење, велат од Комерцијална банка.

 

Освен како едукативна, оваа акција треба да прерасне и во традицонална. Во наредниот период вакви акции ќе бидат организирани и од вработените во филијалите и експозитурите на Банката низ Републиката.
 
Чиста средина
 
Чиста средина





17.10.2018 - Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“


Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни да се преживеат студените зимски денови кои следуваат. Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.
 
Комерцијална банка донира храна
 



26.09.2018 - Обезбедување повисоко ниво на сигурност


Почитувани корисници,

 

Почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство (https://www.banka.com.mk) и системот за работа со хартии од вредност (https://etrader.kb.com.mk) на Комерцијална банка АД Скопје, ќе може да пристапувате само од следните верзии на веб-пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

 

 Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

 

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).

 

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А