Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



Комерцијална Банка АД Скопје објавува Оглас за избор


на Директор (Менаџер) на Филијала (лице со посебни права и одговорности) во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Битола, со мандат од 2 години.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или пост дипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
  • Работно искуство од најмалку 6 години,
  • Пожелно, но не задолжително искуство од работење во банка во Р. Македонија,
  •  Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии,
  • Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
  • Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
  • Менаџерски и лидерски способности,
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

 

Работното време:  40 часа неделно од понеделник до петок.

 

Почетна основна нето плата  56.160,00 денари

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV),  мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, Ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: “Oглас за вработување во Филијала Битола”

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

 

Огласот е објавен во АВРМ и истиот може да го побарате преку пребарувачот Google Chrome на web страната на АВРМ на следниот линк:

 

 https://e-rabota.avrm.gov.mk/OglasSearch.aspx




Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје - Филијала Струмица, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

 

Почетна основна нето - плата: 19.180,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Струмица“

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова, тел.: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




13.07.2018 - Известување


Почитувани клиенти, Ве известуваме дека Експозитурата КБ-2 на ул. Орце Николов бр.1, Скопје, на 14.07.2018 година (сабота) нема да биде отворена  за работа со странки заради изведување градежни работи.
 

За сите работи со трансакциски сметки, банкарски картички и трансакции на благајна, можете да ги користите услугите на Експозитура КБ-1 на ул. Орце Николов бр.3,  работното време во сабота е од 8:00 до 13:00 часот.




03.07.2018 - Известување за член на УО - Илија Илоски


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Македонија, продолжен е мандатот за период од шест години на постојниот член на Управниот одбор на Банката – Илија Илоски.




29.06.2018 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИ СТАПКИ


Како резултат на намалувањето на референтните стапка за пресметување на променливите каматни стапки за денарските побарувања и обврски и за пресметка на законска казнена камата, Комерцијална банка АД Скопје од 01.07.2018 година ќе изврши намалување на каматните стапки:
  • Пасивните каматни стапки на правни лица: орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,01 п.п. до 0,50 п.п.;
  • Пасивните каматни стапки на физички лица: на дел од орочените денарски штедни влогови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,04 п.п. до 0,13 п.п.

 

Кај договорите за депозити и кредитни производи ќе се изврши автоматска промена на номиналната каматна стапка согласно промените на референтните стапки.

 

Во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година, на сите побарувања од физички лица во денари, каде номиналната каматна стапка е повисока од законската затезна камата, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка од 11% на годишно ниво.

 

Референтните стапки се објавени следниот  линк.







А Р Х И В А