Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



29.06.2018 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИ СТАПКИ


Како резултат на намалувањето на референтните стапка за пресметување на променливите каматни стапки за денарските побарувања и обврски и за пресметка на законска казнена камата, Комерцијална банка АД Скопје од 01.07.2018 година ќе изврши намалување на каматните стапки:
  • Пасивните каматни стапки на правни лица: орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,01 п.п. до 0,50 п.п.;
  • Пасивните каматни стапки на физички лица: на дел од орочените денарски штедни влогови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,04 п.п. до 0,13 п.п.

 

Кај договорите за депозити и кредитни производи ќе се изврши автоматска промена на номиналната каматна стапка согласно промените на референтните стапки.

 

Во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година, на сите побарувања од физички лица во денари, каде номиналната каматна стапка е повисока од законската затезна камата, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка од 11% на годишно ниво.

 

Референтните стапки се објавени следниот  линк.






18.09.2018 - Народната банка на РМ издаде согласност на Фатмир Етеми за член на Надзорниот одбор


Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на РМ издаде согласност на Фатмир Етеми за член на Надзорниот одбор, именуван со Одлука на Собранието на Банката одржано на 14.06.2018 година.




18.09.2018 – Поддршка на значајни културни настани во септември


Спонзор на Фестивалот „Браќа Манаки“

 

Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот кој оваа година ќе се одржи од 22 до 29 септември по 39-ти пат, се вбројува меѓу најзначајните културни настани во Република Македонија.

Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната јавност. Годинава се подготвува извонредна програма со над 120 поканети гости од странство.

 

 

Банката спонзор на Интернационалниот фестивал за поп-музика „Еврофест 2018“

 

Комерцијална банка АД Скопје оваа година е спонзор на дваесетивториот Интернационален фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ - добитник на високото признание WAFA – Светска организација на фестивали.

Овој фестивал ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 година на две локации – како дисперзиран проект во родното Крушево на Тоше Проески, каде пејачите од 12 земји ќе положат цвеќе на гробот на Тоше а вечерта ќе пеат во негова чест. Истата програма ќе биде изведена следниот ден на 29 септември во салата на Домот на Армијата во Скопје и ќе биде снимена за одложено емитување.

Со поддржување на овој фестивал Банката уште еднаш придонесува достоинствено да се одбележи  чинот на чествување како што заслужува овој великан – нашата национална гордост во чија чест ќе пеат победниците – лауреати на европските фестивали, заедно со нашите.




03.09.2018 - Дополнителна заштита при купување преку Интернет


Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет со Mastercard® и Visa картички. Отсега, за одредени интернет-трансакции, како дополнителна мерка на заштита Банката ќе Ви испраќа СМС порака со код за верификација, на телефонскиот број што сте го пријавиле. Кодот за верификација ќе треба да го внесете за Вашата трансакција да биде успешно завршена.

 

За да можете да ја користите оваа бесплатна дополнителна заштита, потребно е да ги ажурирате своите податоци со бројот на вашиот мобилен телефон. Ажурирањето можете да го направите преку услугата Интернет банка, мобилната апликација мБанка или на шалтерите на Банката.

 

За повеќе информации и најчесто поставувани прашања посетете го следниот линк.

 

Ви благодариме за соработката.

 

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А