Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје - Филијала Струмица, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

 

Почетна основна нето - плата: 19.180,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Струмица“

                                                                 

Лице за контакт: Симона Белимова, тел.: 3-168-470

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.






17.10.2018 - Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“


Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни да се преживеат студените зимски денови кои следуваат. Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.
 
Комерцијална банка донира храна
 



26.09.2018 - Обезбедување повисоко ниво на сигурност


Почитувани корисници,

 

Почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство (https://www.banka.com.mk) и системот за работа со хартии од вредност (https://etrader.kb.com.mk) на Комерцијална банка АД Скопје, ќе може да пристапувате само од следните верзии на веб-пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

 

 Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

 

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).

 

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А