Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



08.08.2018 - Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје ја преземаат Тирана банка од Пиреус банка


Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје со задоволство објавуваат дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка. Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанција за заедничко работење во Република Албанија.

 

Купопродажната трансакција е предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните јурисдикции.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, и предводена од меѓународен Управен одбор ќе продолжи да ги проширува активностите на Банката во Република Албанија.

 

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.

 

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат да ја надградат таа репутација и доверба од клиентите и понатаму да ги зголемат активностите на Банката.

 

Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.

 

Комерцијална банка АД Скопје е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање нови производи користејќи интернет-платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра, Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа.






17.10.2018 - Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“


Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни да се преживеат студените зимски денови кои следуваат. Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.
 
Комерцијална банка донира храна
 



26.09.2018 - Обезбедување повисоко ниво на сигурност


Почитувани корисници,

 

Почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство (https://www.banka.com.mk) и системот за работа со хартии од вредност (https://etrader.kb.com.mk) на Комерцијална банка АД Скопје, ќе може да пристапувате само од следните верзии на веб-пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

 

 Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

 

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).

 

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А