Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



18.09.2018 – Поддршка на значајни културни настани во септември


Спонзор на Фестивалот „Браќа Манаки“

 

Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот кој оваа година ќе се одржи од 22 до 29 септември по 39-ти пат, се вбројува меѓу најзначајните културни настани во Република Македонија.

Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната јавност. Годинава се подготвува извонредна програма со над 120 поканети гости од странство.

 

 

Банката спонзор на Интернационалниот фестивал за поп-музика „Еврофест 2018“

 

Комерцијална банка АД Скопје оваа година е спонзор на дваесетивториот Интернационален фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ - добитник на високото признание WAFA – Светска организација на фестивали.

Овој фестивал ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 година на две локации – како дисперзиран проект во родното Крушево на Тоше Проески, каде пејачите од 12 земји ќе положат цвеќе на гробот на Тоше а вечерта ќе пеат во негова чест. Истата програма ќе биде изведена следниот ден на 29 септември во салата на Домот на Армијата во Скопје и ќе биде снимена за одложено емитување.

Со поддржување на овој фестивал Банката уште еднаш придонесува достоинствено да се одбележи  чинот на чествување како што заслужува овој великан – нашата национална гордост во чија чест ќе пеат победниците – лауреати на европските фестивали, заедно со нашите.






17.10.2018 - Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“


Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни да се преживеат студените зимски денови кои следуваат. Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.
 
Комерцијална банка донира храна
 



26.09.2018 - Обезбедување повисоко ниво на сигурност


Почитувани корисници,

 

Почнувајќи од 15.10.2018, за користење на електронско банкарство (https://www.banka.com.mk) и системот за работа со хартии од вредност (https://etrader.kb.com.mk) на Комерцијална банка АД Скопје, ќе може да пристапувате само од следните верзии на веб-пребарувачи:

  • Google Chrome верзија 30 или повисока,
  • Internet Explorer верзија 11, Edge,
  • Mozilla Firefox верзија 31.3 или повисока.

 

 Строго се препорачува да се избегнува користењето на Мicrosoft Windows XP оперативен систем.

 

Горенаведените промени се неопходни заради обезбедување повисоко ниво на сигурност (ќе биде поддржано исклучиво поврзување со користење на ТLSv1.2 и повисоки верзии на TLS).

 

Со почит,

Комерцијална банка АД Скопје







А Р Х И В А