Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Профил


Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Македонија која во своето долгогодишно постоење изгради имиџ на банка со традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација.

Како универзална македонска приватна независна банка, нуди широк асортиман на банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во меѓународниот и домашниот платен промет, посредување во купопродажбата на девизи, хартии од вредност, форфетирање и слично.

Преку широко распространетата мрежа на филијали, експозитури, банкомати и ПОС терминали, која постојано се зголемува, Банката е блиску и секогаш на услуга на крајните корисници. Деловната мрежа на Банката се состои од 11 филијали (Прилеп, Охрид, Велес, Струмица, Кочани, Штип, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово) и 54 експозитури од кои 38 се лоцирани во Скопје. До денес на територијата на Република Македонија има инсталирано 145 банкомати и голем број на постерминали.

Во функција на вршeње брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти, Банката има воспоставено кореспондентски односи со 870 банки од 79 земји, од кои контокорентски односи (ностро и лоро сметки) со 41 банка од 21 земја.

Сертификација на Банката според USA Patriot Act

Акционерскиот капитал на Банката се состои од 2.014.067 обични и приоритетни акции. Акциите на Комерцијална банка АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност и се вклучуваат во пресметката на Македонскиот берзански индекс, а од 2007 година истите котираат и во сегментот на супер котација.