Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Историјат


Банката е формирана во 1955 година како Комунална банка на град Скопје, специјализирана за станбени кредити и претпријатија и финансирање на општинска изградба. Во 1965 година е отворена првата експозитура на Банката во Скопје. Од 1.1.1966 година Комунална банка се трансформира во мешовит тип на банка и добива ново име: Комерцијално–инвестициона банка Скопје. Во 1971 година интегрирани се трите водечки банки во Република Македонија, и тоа Стопанска банка Скопје, Комерцијално–Инвестициона банка во Скопје и во Битола, во една банка која работи под името Стопанска банка – Филијала Скопје. Оваа банка прва ги воведува тековните сметки за граѓаните. Во 1989 година е донесен Законот за банки и други финансиски институции и во 1990 година Банката се трансформира во прво акционерско друштво во земјата и го носи сегашното име Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје денес е универзална банка со широк спектар банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, па сe до активности како посредување во купопродажба на девизи, хартии од вредност, форфетирање и друго.

Од 1993 година беше инсталиран Reuters терминал поради потребата да се биде во тек со меѓународните финансиски збиднувања.

Во 1995 година Комерцијална банка АД Скопје ја издава првата EuroCard – MasterCard меѓународна кредитна картичка во Република Македонија, а во 1996 година го постави првиот банкомат.

Во 1998 година со одлука на Управниот одбор на Банката се основа брокерското посредничко друштво КБ-Брокер, прво од таков вид во Република Македонија. Акциите издадени од Банката од 2003 година почнаа да котираат на официјалниот пазар на Македонската берза.

Согласно спроведувањето на реформата на пензискиот систем во Република Македонија, Комерцијална банка АД Скопје, заедно со Прва покојнинска дружба од Љубљана, во јуни 2005 година го основа КБ Прво пензиско друштво. Вкупниот број на членови и времено распределени лица во Задолжителниот фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво – Скопје со 30.04.2014 година изнесува 187.587*, а на истиот датум, бројот на членови во Доброволниот фонд управуван од Друштвото изнесува 12.355*.

Во 2009 година е основано Друштвото за управување со инвестициони фондови КБ Публикум инвест АД Скопје. Основачи на друштвото се Комерцијлана банка АД Скопје, Публикум Холдинг ДОО Љубљана, Пом-Инвест ДД Марибор и Форлекс С.Р.Л.
 
*Извор: www.mapas.mk