Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Корпоративни вредности


Корпоративните вредности ги одразуваат верувањата кои со нас ги делат сите поврзани страни – клиентите, вработените, акционерите, партнерите. Тоа се вредности кои ја отсликуваат нашата деловна култура и приоритетите утврдени со корпоративната мисија.


Традиција

Ние сме Банка која ги негува вредностите, ја поддржува стабилноста во секакви услови и која традиционално е прв избор на клиентите.


Ефикасност

Банка која навремено и ефикасно ги завршува преземените активности.


Доверба

Ја градиме довербата преку отворена комуникација со клиентите, почитување на нивната индивидуалност и понуда на сигурна и квалитетна услуга.


Транспарентност

Наша одговорност е навремено да обезбедиме разбирливи и веродостојни информации за резултатите од работењето, како и за останатите финансиски и нефинансиски прашања, достапни за заинтересираните клиенти, акционери, деловни партнери и целокупната јавност.


Иновативност

Со воведување на нови производи и услуги постојано го зголемуваме и подобруваме квалитетот понуден на нашите клиенти.


Општествена одговорност

Како општествено одговорна компанија секогаш работиме и ќе работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови членови.


Тимска работа

Споделуваме знаења и искуства со цел квалитетно да ги исполниме барањата на клиентите, а преку заедничко делување придонесуваме за развојот на Банката.


Кодекс на корпоративно управување (.pdf)
Основни правила и принципи за заштита на личните податоци во Комерцијална банка АД Скопје