Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Награди и признанија

 

Комерцијална банка АД Скопје наградена од Комерцбанк

за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.

 

Комерцијална банка АД Скопје е избрана да ја добие наградата на Комерцбанк за STP (системска обработка на плаќања) за 2016 година за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.

 

Наградата се доделува за извонреднен квалитет во обработката на плаќањата во ланецот на плаќања. Извршувањето на платежни трансакции не само што веднаш се одразува на задоволството на клиентите туку и на конкурентноста на банката. Системската обработка е многу важна и има силно влијание за работата на ИТ како и за заштедата на време, трошоци и неисплатливи порамнувања што доведуваат некогаш до дополнителни трошоци.

 

„Со големо задоволство ви ја предаваме оваа заслужена награда вам и на вашиот тим за извршување на плаќања. Многу високите стандарди што ги поставуваме за банките што ја добиваат нашата STP награда може да се достигнат само со голем и заеднички труд на целиот персонал вклучен во разните оддели коишто ги започнуваат и спроведуваат плаќањата. Затоа, ве молиме пренесете ја нашата искрена благодарност до сите вработени на Комерцијална банка кои допринеле за вашето високо достигнување“ пишува во дописот за наградата до Банката.

 

Наградата претставува уште еден поттик и обврска на Банката кон клиентите за постојано зголемување на квалитетот на обработката на трансферите и интензивирање на соработката со другите банки.

 

Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје

 

Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, на „Годишната конференција на Македонската берза” е добитник на неколку награди и признанија:

 

1. Награда за котирано друштво со најголем остварен промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност;

Makedonska berza

 

2. Награда за членка со најголем број трансакции и со најголем промет во изминативе 20 години од постоењето на Македонската берза за хартии од вредност;

MAkedonska berza2

 

3. „Кристално ѕвоно“ за постигнато прво место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2015 година;

MAkedonska berza3

 

4. Плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2015 година.

Plaketa

Златна награда од Дојче банк за Комерцијална банка

 

Како признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања, оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Златната награда од Deutsche Bank: Gold 2014 Еuro STP Excellence Award. За првпат оваа година e воведена категоризација во наградите, а Комерцијална банка АД Скопје е одликувана со највисокото признание. Со постојаноста во квалитетот на услугите, Банката продолжува да ја потврдува својата лидерската позиција во областа на девизното работење.

kb_award2014
 

Комерцијална банка АД Скопје – Супербренд за 2015/2016 година

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на супербренд сертификатот за 2015/2016 година во Република Македонија, доделен согласно одлуката на стручен совет составен од претставници на маркетинг индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора на РМ и сопственици на препознатливи и докажани брендови.

 

Напорите на Банката да создаде бренд кој создава емотивна врска со своите клиенти и кој е препознатлив, резултираа со идеја и коцепт во перцепцијата на граѓаните за постојаност, квалитет и одговорност.

 

Изборот на Банката за Супербренд на Македонија за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата Банка и стремежот да бидеме прв избор на банка за клиентите кои и понатаму може да очекуваат високо ниво на услуга и нови производи креирани согласно нивните потреби.
 
superbrand
 
 

Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на Плакета

 

Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на „Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност 2015” во организација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, е добитник на Плакета за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2014 година.

PLAKETA

 

Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на наградата „Кристално Ѕвоно”

 

Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на „Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност 2015” во организација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, е добитник на наградата „Кристално Ѕвоно” за постигнато второ место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2014 година.

KRISTALNO_ZVONO

 

 

Најдобра банка во девизно работење

 

Светскиот магазин посветен на финансиското работење Global Finance, повторно ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија во давање услуги за девизно работење за 2014 година.

 

Изборот на најдобри банки за девизно работење во светот е направен од уредниците на магазинот Global Finance, во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, согласно критериумите големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.

 

2014-Best-FX-Provider-Award_krajno
 

Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на Плакета

 

Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на „Годишната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013” во организација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е добитник на Плакета за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2012 година.
 
 
plateka
 
 

Најдобра банка за девизно работење

 

Уредниците на магазинот Global Finance во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, го направија изборот на најдобри банки во светот за девизно работење.

 

Наградата за најдобра банка за девизнo работење во Македонија за 2013 година магазинот Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка АД Скопје.

 

Изборот на најдобрите банки за девизно работење е направен согласно критериумите големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.

Global-Finance-Logo_Best-FX-Provider-2013_2
 
 

Deutsche Bank AG


Како признание за исклучителниот квалитет во работењето со меѓународни плаќања, Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е добитник на наградата: Deutsche Bank`s 2010 Straight – Through Processing (STP) Excellence Award. Оваа награда е особено значајна бидејќи директната обработка на плаќањата (STP) има голема улога во намалувањето на трошоците во глобалното трансакциско банкарство во денешно време. Во соопштението од Deutsche Bank AG, која е глобален лидер во оваа област, се истакнува успешноста на тимот од Комерцијална банка кој работи на оваа проблематика со постигнатата исклучително висока стапка на STP од 99,74%. Со оваа награда Комерцијална банка АД Скопје ја продолжува лидерската улога во следењето и примената на најновите банкарски трендови и технологии.
Nagrada

Global Finance


Магазинот Global Finance десет години по ред (2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013) ја прогласува Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија.


Согласно критериумите пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи, уредниците на магазинот во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и банкарски консултанти, го прават изборот на најдобри банки на новите пазари од Централна и Источна Европа


Магазинот Global Finance има над 50.000 претплатници и повеќе од 284.000 читатели од 158 земји во светот. Дел од неговите читатели се директори, претседатели, главни извршни директори и главни финансиски директори на водечки компании и финансиски институции во светот.

     
     
     


The Banker

 

Комерцијална банка АД Скопје е седумкратен добитник на наградата „Банка на годината“ која секоја година ја доделува реномираниот професионален магазин „The Banker“, издание на групацијата Financial Times.

  
  
  



Finance Central Europe


Списанието „Finance Central Europe“ во 2007 година ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Република Македонија, и тоа според јачината на активата, приносот на капиталот (ROE) и бруто-добивката.


„Finance Central Europe“ е прво специјализирано списание посветено само за пазарите на Централна и Источна Европа, со тираж од 43.000 примероци. Рангирањето на банките го вршат еминентни аналитичари врз основа на ревидирани финансиски извештаи и дополнителни информации.


     

 

Европска банка за обнова и развој

 

Како еден од најактивните домашни учесници во надворешната трговија, Комерцијална банка е добитник на бројни признанија доделени од страна на Европската банка за обнова и развој, кои се доделуваат во рамки на програмите и проектите на ЕБОР за поддршка и унапредување на меѓународната размена. Учинокот на Комерцијална банка се нотира преку признанија кои се доделуваат согласно оценката на обемот и квалитетот на издадените акредитиви, банкарски гаранции, дознаки и останатите платни инструменти со кои Банката директно учествува во поддршката на развојот на националната економија во глобални рамки.

 

Последното признание од ЕБОР за Комерцијална банка е прогласувањето за најактивен учесник во специјалната Програма за олеснување на надвoрешната трговија (TFP) - „Most active issuing bank in FYR Macedonia in 2009“.

 


Deutsche Bank AG


Како признание за исклучителниот квалитет во работењето со меѓународни плаќања, Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата Deutsche Bank`s 2009 Straight – Through Processing (STP) Excellence Award. Награда е особено значајна, бидејќи се однесува на постигнатата исклучително висока стапка на директна обработка на плаќања (STP) од 99,5%, што претставува признание за придонесот на Банката во намалувањето на трошоците во трансакциското банкарство.


Награда за интегриран пристап кон општествената одговорност

 

Во номинацијата која ја организираше Центарот за институционален развој ЦИРА, Комерцијална банка АД Скопје ја доби првата награда за интегриран пристап кон општествената одговорност за големо претпријатие во 2009 година.

 

Наградата претставува потврда за напорите што Банката континуирано ги вложува за подобрувањето на корпоративното управување, обука на вработените, развивање на чувството за солидарност и филантропијата, во соработка со заедницата и социјално ранливите групи во општеството.

 

Како општествено одговорна компанија секогаш работиме и ќе работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови членови преку споделување на вредностите и верувањата со нашите клиенти, вработени, акционери и партнери.

 

Македонска берза


·                     „Кристално ѕвоно

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза АД Скопје за 2009 година.

Како еден од најзначајните членови на Македонската берза од самото нејзино создавање во 1995 година, Комерцијална банка АД Скопје учествува со една од најтргуваните акции според бројот и обемот на тргување. Интересот за акциите на Банката, покрај поради успешното работење како лидер во банкарскиот сектор во Република Македонија, произлегува и од определбата за целосно транспарентен пристап во информирањето на инвеститорите.