• Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права


  • Вклучување на нови точки во Дневниот ред


  • Предлагање на нови одлуки


  • Прашања во врска со точките од Дневниот ред


  • Предлози од акционерите


  • Електронско гласање


  • Гласање со кореспонденција


  • Гласање преку полномошник


  • Одлуки донесени на Собрание на Банката



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Годишно акционерско собрание, Април 2018 година



Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Управниот одбор на

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

П О В И К
за учество на Годишно собрание на Банката




Годишното собрание на Комерцијална банка АД Скопје со седиште во Скопје на ул. Орце Николов бр.3, ќе се одржи на 04.04.2018година (среда), со почеток во 12.00 часот, во Скопје, во Сити Мол,(ул. Љубљанска бр.4), на II кат, во Сала број 4 –  Комерцијална банка, со следниот


Д Н Е В Е Н   Р Е Д



1. Избор на претседавач со Собранието;


2. Избор на 5 бројачи на гласови;



3. Посебни финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за 2017 година, ревидирaни од ревизорско друштво, со
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
- Предлог-одлука за усвојување на извештаите и Мислењето од Надзорниот одбор;

4. Консолидирани финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за 2017 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
- Предлог-одлука за усвојување на извештаите и Мислењето од Надзорниот одбор;

5. Годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, со
- Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка;

6. Консолидирана годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, со
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
- Предлог-одлука за усвојување на Консолидираната годишна сметка и Мислењето од Надзорниот одбор;

7. Годишен извештај за работењето на Комерцијална банка АД Скопје во 2017 година, со
-Мислење од Надзорниот одбор
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор;

8. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје во 2017 година, колективно и од аспект на поединечните членови, со
- Предлог-одлука за одобрување на Извештајот;  

9. Предлог-одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2017 година;

10. Предлог-одлука за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2017 година;

11. Предлог-одлука за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје;

12. Предлог-одлука за определување друштво за ревизија на Комерцијална банка АД Скoпје;

13. Извештај за усогласеноста на работењето на Комерцијална банка АД Скопје со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза; со
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот.

14. Програма на мерки и активности на деловната политика и финансиски план на Комерцијална банка АД Скопје за 2018 година усвоена од Надзорниот одбор на Банката (за информирање на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје).

Согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2017 година, донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.02.2018 година, предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 180,00 денари, односно 18% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.


Се предлага следниот дивиденден календар:


Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2017 година е 17.04.2018 година.


Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2017 година е 18.04.2018 година.


Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2017 година е 19.04.2018 година.


Исплатата на дивиденда за 2017 година ќе започне на 30.04.2018 година.


Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.



Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.


Пријавите да се достават до Банката – Дирекција за управување и информирање.


Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.


Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.



Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.



Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања најдоцна до 12.03.2018 година. Предлогот заедно со документите за идентификација мора да биде примен во Комерцијална банка АД Скопје најдоцна до 12.03.2018 година, до 16.00 часот. Подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.kb.com.mk.



Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.kb.com.mk



Акционерите можат да гласаат со кореспонденција со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 03.04.2018 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.kb.com.mk.



Акционерите кои имаат подигнато или ќе подигнат документација за електронска регистрација за електронско гласање на Собранието, можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат. Документација за електронска регистрација за електронско гласање акционерите може да подигнат во Дирекцијата за управување и информирање од денот на објавата на Повикот, со презентирање на документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 19.03.2018 година, од 12:00 часот, до 02.04.2018 година, до 12:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат се достапни на интернет-страницата на Банката www.kb.com.mk.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката на ул. Орце Николов бр.3, во Дирекцијата за управување и информирање, соба бр.307 (III кат, зграда КБ1) и на интернет-страницата на Банката www.kb.com.mk.



УПРАВЕН ОДБОР НА БАНКАТА