Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Поплаки, предлози, пофалби

 

Споделете го Вашето мислење

Комерцијална банка АД Скопје со задоволство практикува постојана и отворена комуникација со своите клиенти и сите останати заинтересирани субјекти. Ги цениме Вашите мислења и ги користиме во насока на постојано подобрување на нашите производи и услуги.

 

Поплаки

Доколку нешто Ве загрижува или имате поплака во однос на нашите производи, услуги или нашето работење, Ве молиме да го споделите тоа со нас. Вработените на Банката се секогаш на располагање за да Ви помогнат. Ќе ни биде задоволство доколку можеме да ја подобриме состојбата.

 

Предлози и иницијативи

Доколку имате предлози како Банката подобро да работи за Вас и за останатите клиенти, Ве молиме да ни ги пренесете.

 

Пофалби

Чесно заработената пофалба е најдобриот поттик за уште подобри резултати. Затоа, доколку сте добиле исклучително добра услуга од нашата Банка или сте многу задоволни од некој наш производ, Ве молиме кажете ни, а ние ќе ја пренесеме пофалбата до тој што ја заработил.

 

Како да доставите поплака, предлог или пофалба

Вашите поплаки, предлози и пофалби до Банката, можете да ги доставите по писмен пат на следните начини:

 

1. Во просториите на Банката

Оставете го Вашето мислење во сандачињата означени со „Ваше мислење: Поплаки, предлози и пофалби“

 

2. По  пошта, на адреса

„Поплаки, Предлози и Пофалби“

Комерцијална банка АД Скопје

ул. Орце Николов бр. 3

П. Фах 563

1000 Скопје

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

3. Директно (on-line), за што треба да кликнете тука.

 

Потврда за прием и одговор на Вашата поплака

 

Банката ќе ви испрати потврда за прием на Вашата поплака во најкраток можен рок, но не подоцна од 10 работни дена од денот на приемот на поплаката.

Вработените во Банката со внимание ќе ја разгледаат Вашата поплака, ќе ги преземат сите неопходни активности и ќе Ви достават одговор во најкраток можен рок, но не подоцна од 3 месеци од денот на приемот на поплаката. Брзината на одговорот зависи од природата на поплаката, односно од времето потребно да се анализира и истражува настанот за кој е поднесена поплаката. Овој рок се однесува доколку истражувањето на поплаката се врши во постапка само во Банката. Доколку во постапката се вклучени надлежни државни органи и институции, рокот од три месеци може да биде подолг, а известувањето зависи и од вклученоста на надлежните државни органи и институции.