Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

КБ Прво пензиско друштво

 

КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Македонија, a неговата основна дејност е управување со пензиски фондови.


Друштвото е основано во јуни 2005 година од Комерцијална банка АД заедно со Прва покојнинска дружба од Љубљана (сега Prva Group plc) и управува со 2 пензиски фонда:

 

 

  • КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје (во рамките на вториот пензиски столб) и
  • КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје (во рамките на третиот пензиски столб). 

 

 

Нашата цел е да создадеме вредност за членовите на фондовите со кои управуваме, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме профит со соодветно инвестирање.

 

Работејќи на остварување на својата цел, КБ Прво пензиско друштво реализираше повеќе од 283 милиони евра во управување1 на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје во кој членуваат 194 981 членови и времено распределени лица2 . Во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје членуваат 12 674 лица3 .
 
1,2,3 Состојба на 30.11.2014/Извор: www.kbprvo.com.mk / www.mapas.mk