Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ


Комерцијална банка како водечка банка во Република Македонија активно е вклучена во развојот и благосостојбата на нацијата, луѓето и здравата и чиста животна средина преку поддржувањето на широк спектар на организации, активности и настани, а со цел да се промовираат и прослават успехот, иновациите, напредокот во следниве области:

  • Спорт;     
  • Уметност;     
  • Научно-истражувачка и издавачка дејност и конференции;     
  • Општествени/социјални;     
  • Медиуми;     
  • Простории;     
  • Доколку сакате да аплицирате за спонзорство пополнете го следното барање за спонзорство.


2017


Банката спонзор на Фестивалот „Златно славејче 2017“

Од 16 до 18 ноември, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје по 47-ми пат ќе се одржи Фестивалот „Златно славејче“.

Банката, како општествено одговорна компанија која го следи развојот на младите поколенија, дванаесет години по ред е спонзор на овој најпрестижен детски фестивал во Републиката. И оваа година златните славејчиња повторно ќе застанат на сцената и ќе ги отпеат своите хитови.

За таа цел се подготвени нови, досега необјавени детски композиции, во придружба со кореографија, кои публиката ќе може да ги слушне на фестивалските вечери.


Штедни книшки (Верверичка) со 5.000 денари подарува Комерцијална банка

По повод 31 Октомври - Светскиот ден на штедењето, Банката ќе им отвори штедни книшки –  Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

 Средствата ќе им бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2017 година.

 Оваа година по тринаесетти пат ќе се доделат штедните книшки „Верверичка“ и касичките, а до сега во просек секоја година по 45 семејства им се радуваат на средствата што нивните најмили ги добиваат од Комерцијална банка АД Скопје.


Комерцијална банка, Спонзор на XVII недела на италијанскиот јазик во светот

Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на XVII недела на италијанскиот јазик во светот, насловена како „Италијанскиот јазик на големиот екран и во кинематографијата“, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 27 октомври. 

Свеченото отворање на XVII недела на италијанскиот јазик во светот ќе започне со проекција на документарниот филм „Трст, Југославија“ од Алесио Боѕер (Одраз на еден пограничен град, помеѓу две држави и два политички система) во Кино Милениум.

Поздравно обраќање ќе има Н.Е. г. Карло Ромео, Амбасадор на Италија во Скопје РМ.


Комерцијална банка ја поддржа кампањата „Напред розово 2017“

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја поддржа кампањата „Напред розово“ која е во организација на Здружението „Борка – За секој нов ден“. Оваа година го прославија нивниот јубилеј – 10 години постоење и кампањата за борба против ракот на дојка. 

Манифестацијата  се  одржа на 1 октомври, во 11 часот, на Плоштадот Македонија, за сите оние кои ја водат оваа неизвесна битка, за оние чиј живот е пред огромен предизвик и во чест на оние  кои подлегнаа на оваа болест. 

Настанот вклучи заедничка розова прошетка на повеќе учесници кои пешачејќи  испратија порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.


Седма година по ред спонзор на пензионерските спортски натпревари

Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија и оваа година покажа дека подеднакво се грижи како за најмладата популација така и за луѓето од трета доба.

Банката, седма година по ред, беше спонзор на 22. пензионерски спортски натпревари кои оваа година се одржаа во Кочани и на нив зедоа учество околу 1.300 натпреварувачи - пензионери од сите краеви на Република Македонија.

На овие Републички пензионерски спортски натпревари, пензионерите се натпреваруваа во 11 дисциплини, во машка и во женска конкуренција.


Спонзор на Здружението „Вичо“

Банката и оваа година е спонзор на активностите на Здружението „Вичо“, кое е организатор на традиционалната манифестација чија основна цел е афирмација, заштита и борба за потврдување на самобитноста на македонскиот народ и неговиот социо-културен идентитет. Оваа средба традиционално ќе се одржи по 37-ми пат на 2.8.2017 година во дворот на црквата Св.Богородица, с.Трново – Битола.


Спонзор на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”

Со цел да се промовира културата во руралните средини, а наедно и да се промовира културата надвор од македонските граници, се организира меѓународната манифестација насловена „Поетска ноќ во Велестово“ која оваа година ќе се одржи по 29-ти пат во Домот на културата во с. Велестово. Традиционално, и оваа година Банката ги спонзорира активностите на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ која ќе трае два дена и на неа ќе се претстават поети, сликари и музичари како од Република Македонија така и од повеќе земји во светот.


Спонзор на „Илинденски марш 1978“

Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“ Скопје кое, во соработка со манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, по  дваесетти пат ќе го организира познатиот традиционален Илинденски коњанички марш од Скопје до славното Крушево.


Спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е Спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“ која ќе се одржи околу верскиот празник Петровден, на 15 и 16 јули 2017 година, во Галичник. Оваа манифестација ќе биде широко отворена за сите што одблиску сакаат да го запознат живописниот Галичник и дел од волшепството на изворното македонско културно наследство.
 

Галичка свадба е дел од македонската култура и дел од ризницата на светското културно наследство под заштита на УНЕСКО. Особеноста на народните обреди и обичаи, свадбените песни и ора, во неделива хармонија со раскошните носии и неповторливиот галички амбиент, овозможуваат оваа манифестација да се доживува во својата единственост и неповторливост. Тоа налага нејзино континуирано негување и презентирање, како нешто драгоцено и свето што исконски го изразува нашето паметење и постоење.


Спонзор на Сојуз на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи

Банката и оваа година финансиски ги поддржа планираните активности на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи во одбележување на историски датуми поврзани со  одбележувањето на 75 години од загинувањето на народните херои Јордан Николов Орце, Борка Талески, Лазо Филиповски – Левски, Елпида Караманди и други, како и на повеќе борци од партизанските одреди, но и на повеќе масакри на недолжното население со цел заплашување на истото, како и други многубројни одбележувања на значајни личности и настани, поврзани со формирањето на народната власт.


Комерцијална банка спонзор на Камерниот оркестар „Скопски солисти“

Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на гала-концертот на Камерниот оркестар „Скопски солисти“ на кој како солист ќе настапи националниот уметник и амбасадор на УНЕСКО, баритонот Борис Трајанов, а целиот концерт ќе го води познатиот маестро Андреј Андреев од Бугарија. Концертот ќе се одржи во Домот на АРМ на 8.6.2017 година.


Комерцијална банка Спонзор на Фестивалот „Прозорец кон италијанската кинематографија“

Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на Италијанскиот филмски фестивал насловен како „Прозорец кон италијанската кинематографија“ кој ќе се одржи во периодот од 17 до 23 мај во Кинотеката на Македонија.

 

Фестивалот ќе започне со драмата „Акабадора“ на режисерот Енрико Пау, а на 23 мај  ќе биде затворен со „Виновгрев“, филм од жанрот црна комедија.


Комерцијална банка Спонзор на „Малиот битолски Монмартр 2017“

Банката и оваа година традиционално ќе ги поддржи младите со спонзорирање на 36-тиот по ред детски ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр 2017“, кој и оваа година ќе се одржи во Битола во периодот од 23 до 30 мај 2017 година.

На овој Фестивал учениците ќе творат на традиционалната тема „Старата македонска архитектура“ во Битола и на  ликовните каравани во Охрид и во Крушево.

Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ претставува светска културно-образовна манифестација која го развива детското ликовно творештво преку учество на млади ликовни таленти од сите меридијани и дава непроценлив придонес за афирмација на Република Македонија.


Генерален спонзор на концертот на Наум Петрески

Комерцијална банка АД Скопје, во соработка со продуцентската куќа АВАРД Промотион, е Генерален спонзор на концертот на еден од најголемите македонски музички уметници Наум Петрески, кој ќе се одржи во Метрополис Арена на 22.4.2017 година.

 

Овој концерт е организиран по повод 30-годишниот јубилеј од неговото опстојување на естрадата. По повод јубилејот Наум Петрески ќе го промовира и неговиот најнов албум наречен „Грло ненапеано“.

 

Naum

Комерцијална банка, Спонзор на концертот на Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ-Џибони

Комерцијална банка АД Скопје е Спонзор на концертот на Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони, две музички имиња од просторите на поранешна Југославија, двајца великани на хрватската музичка сцена, кои доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ќе го претстават својот заеднички албум насловен како „Фамилија“, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки, а ќе ги отсвират и своите најголеми хитови.

 

Овој заеднички неколкучасовен музички спектакл ќе се одржи на 4 март во ВИП Арената „Борис Трајковски“.


Генерален спонзор на Струмичкиот карневал

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е Генерален спонзор на Струмичкиот карневал кој традиционално се одржува во рамки на „Тримерските празнувања“ (празникот на армасаните девојки).

 

Во карневалот учествуваат повеќе од 2.000 маскирани лица во поворка која привлекува над триесет илјади посетители од Република Македонија и соседните држави.

 

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 25 февруари 2017 година, додека карневалските денови започнуваат на 22 февруари со детскиот карневал, а завршуваат на 1 март 2017 година со одбележувањето на тримерските обичаи.  

karneval


Генерален спонзор на концертот на Биља Крстиќ и Бистрик Оркестар

Комерцијална банка АД Скопје, во соработка со Bagi Communications Скопје, е Генерален спонзор на концертот на една од најголемите балкански етно диви,  кој ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје на на 25.2.2017 година.

Биља Крстиќ има одржано голем број концерти ширум светот. Минатата година одбележуваше 15 години работа со Бистрик Оркестар, а во нејзиниот репертоар вклучува голем број македонски песни и има соработувано со познати музички имиња. 

BiljaKrstic

Продолжена соработката со Црвениот крст на Македонија

Комерцијална банка АД Скопје седум  години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Македонија со вклучување во реализацијата на Проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби” како Генерален покровител.       

Со проектините активности ќе бидат опфатени околу 340 деца со посебни потреби. Во имплементација на активностите ќе бидат вклучени волонтери од клубовите на млади од Црвен крст на град Скопје и 7 општински организации на Црвениот крст од Прилеп, Велес, Кавадарци, Дебар, Делчево, Кичево и Гостивар, како и стручни лица од центрите за социјална работа и дневните центри за деца со посебни потреби од овие градови.

Со поддршката на овој проект, како и до сега, ќе им овозможивме на децата и младинците со посебни потреби развивање на здравиот дух и креативниот капацитет; поттикнување сочуство, емпатија и солидарност кај населението и институциите; дополнителна едукација и поддршка на семејствата, дефинирање на акциони планови за идни активности итн.

Всушност, ова претставува мисија и заеднички напор на сите поддржувачи на решавањето на општествените проблеми во земјата.


Комерцијална банка АД Скопје - спонзор на РК „Кастратовиќ“

Дванаесет години по ред Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на Ракометниот клуб „Кастратовиќ“ во кој тренираат деца на возраст од седум до четиринаесет години.

Ракометниот клуб „Кастратовиќ“ во своето ракометно училиште работи со девојчиња на различна возраст, со цел создавање позитивни вредности кај најмалите а во исто време и запознавање со тајните и вештините на ракометната игра.


Комерцијална банка АД Скопје - спонзор на магазинот „Премин“

Комерцијална банка АД Скопје неколку години по ред е спонзор на магазинот „Премин“. Магазинот „Премин“ со своите содржини гради врска меѓу духовното и реалното и ја афирмира македонската културна, историска и црковна мисла. Изборот на текстовите и пораките на овој магазин ја содржи димензијата на православието вон границите на националното и културното и е придружник на секој што се стреми кон лична преобразба.


А Р Х И В А