Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Стратегиски пристап

 

Водејќи се од определбата за систематско дејствување и целосна усогласеност со промените во комплексното опкружување, Комерцијална банка разви Стратегија за корпоративна општествена одговорност која ќе го води работењето на ова поле во периодот од 2017 до 2021 година.

 

Стратегијата ги формализира целите, активностите и насоките на дејствување и управување со општествено одговорните активности на Банката. Таа е моделирана на начин кој соодветно ги опфаќа Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации во однос на постојните и на предвидените случувања кои влијаат на работењето на Банката и на потребите на нејзините засегнати страни. Намерата зад овој систематски пристап е темелно и проактивно да се соочиме со предизвиците во нашето општество, но и да ги инспирираме другите да ја следат нашата посветеност.

 

Дејствувањето на Банката ги зема предвид потребите и односите со сите засегнати страни: вработените, акционерите, клиентите, добавувачите, конкурентите, заедницата и животната средина. Оттаму, чекорите и приоритетите во делот на општествената одговорност се дефинираат на начин кој ќе овозможи балансиран приод кон сите засегнати страни.

 

Мерките и активностите преку кои Банката го реализира своето општествено одговорно однесување се:

 

Спонзорства - деловен однос помеѓу Банката која обезбедува финансиски или материјални средства или услуги, од една страна, и поединци, организации или настани чијашто понуда во облик на противуслуга придонесува за зајакнување на корпоративниот имиџ на Банката и стекнување други предности во однос на конкуренцијата. За повеќе информации и поднесување барање за спонзорство посетете го следниот линк.

 

 

Донации - деловен однос помеѓу Банката и поединци, организации или настани, во кој Банката им нуди финансиски или материјални средства или услуги не барајќи за тоа никаков облик на противуслуга. Барања за донации можат да се поднесат писмено или на e-mail адресите marketing@kb.com.mk и ktoo@kb.com.mk.

 

 

Едукација – пренесување на специфичните знаења и вештини на вработените на Банката на одредени целни групи кои ќе имаат корист од истите. За прашања и барања можете да се обратите писмено или на e-mail адресата ktoo@kb.com.mk.

 

 

Волонтерство – активност на вработените и/или акционерите на Банката во корист на други луѓе или одредена цел, без надомест за издвоеното време и услуга. За прашања и барања можете да се обратите писмено или на e-mail адресата ktoo@kb.com.mk.

 

 

Работни процеси – одлуки на органите на Банката кои можат да имаат позитивен исход за засегнатите страни на Банката. Ваквите мерки и активности вклучуваат одлуки за намалена потрошувачка на енергија, користење на „чисти“ извори на енергија, рециклирање на материјали, промена на упатствата за работа и на работните процеси, обуки на вработените итн.

 

 

Во организациската структура на Банката функционира и Координативно тело за општествена одговорност, чија главна задача е инволвирање на сите организациони делови на Банката во планирањето и извршувањето на активностите поврзани со општествената одговорност. Со тоа Координативното тело настојува идеите и принципите на општествената одговорност да бидат пренесени и прифатени од сите вработени на Банката.