Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Вработување


Комерцијална банка АД Скопје како современа, независна и пазарно ориентирана компанија посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, третирајќи ги како еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите.

Инвестирање во човечките ресурси, вложување во тимска работа и стручна едукација во насока на нивен континуиран развој и унапредување на кариерата, претставува наш клучен приоритет.

Затоа, доколку сакате да станете дел од тимот на Банката, а воедно сте подготвени за динамичка работа во креативна атмосфера, ја очекуваме Вашата апликација за работа.

Сите апликации се регистрираат во нашата база на заинтересирани потенцијални вработени и, согласно нашите потреби од конкретен профил, истите ќе бидат поканети на интервју.

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Банката гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.


Сите апликации за вработување кои ќе стигнат во Банката на друг начин, а немаат изјава/согласност за обработка на личните податоци од апликантот, нема да се разгледуваат и ќе бидат избришани или уништени.