• Експозитури и филијали


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Трансакциска тековна сметка



Што претставува трансакциската тековна сметка


Трансакциска тековна сметка претствавува единствен и неповторлив нумерички податок кој служи за идентификација на учесникот во платниот промет, а преку која истиот врши плаќања. На трансакциската тековна сметка се евидентираат сите денарски трансакции кои се вршат преку банка. Секое лице кое врши денарски трансакции преку банка мора да поседува трансакциска тековна сметка.

 

Отворање и располагање со трансакциска тековна сметка


Транскациска сметка може да отворат сите физички лица државјани на Република Македонија, како и физички лица странски државјани - кои согласно законската регулатива имаат третман на резидент и имаат лична карта за странец издадена од МВР на РМ.

Банката може да отвора сметки и на малолетни лица и лица на кои им е одземена деловната способност кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател согласно законските одредби.


 Апликација / Барање за регистрирање на клиент - физичко лице
 Барање за отворање на трансакциска тековна сметка


Банката отвора сметки на слепи лица. Отворање сметка на слепо лице се врши пред двајца сведоци. Притоа, потребно е еден од сведоците да биде вработен во Банката, но може и двајцата сведоци да бидат вработени во Банката. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на Договорот и Општите услови за отворање и работа со трансакциска тековна сметка. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овие документи, клиентот ги потврдува со потпишување Изјава со факсимил. Сведоците ја потпишуваат истата изјава со цело име, презиме и потпис и со тоа изјавуваат дека клиентот е запознат со содржината на документите и истите ги прифаќа и се потпишуваат. На клиентот му се издава потписен картон за трансакциска тековна сметка на која е депониран потпис со факсимил, кој клиентот ќе го користи и во иднина при вршење трансакции на сметката.

Услугата отворање на трансакциска тековна сметка за слепо лице може да се добие само во централата на Банката во Скопје како и во филијалите низ градовите во Републиката.


 Изјава за отворање трансакциска тековна сметка за слепо лице


Сопственикот на трансакциската тековна сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка. При овластувањето мора да биде присутно и лицето кое ќе се овластува. Овластувањето се врши во поголемите експозитури со одговорен работник и филијалите на Банката.


Со средствата од транскациската сметка можете да раполагате преку следните инструменти:

  • потписна картичка – за вршење на готовински уплати и исплати, како и за безготовински пренос на средства на други сметки во Банката и сметки во други банки;
  • дебитна картичка– за плаќање на стоки и услуги во трговија како и подигнување на готовина на широка мрежа на продажни места и банкомати во земјата и во странство;
  • чековна картичка и чековни бланкети – за безготовински плаќања на правни и физички лица.

Корисниците на сметката може да добиваат информации за состoјбата на сметката и нејзините промени на шалтерите во Банката и преку услугата Интернет банка. Услугата Интернет банка овозможува и вршење на сите видови безготовински плаќања од трансакциската тековна сметка. Оние клиенти кои поседуваат дебитна картичка, информации за промените на сметката настанати со употреба на картичката, може да добиваат и со користење на услугата SMS банкарство.


Дозволено пречекорување


Банката одобрува два типа дозволено пречекорување, дозволено пречекорување со определив износ и дозволено пречекорување со фиксен износ.


Дозволено пречекорување со определив износ


Банката може да одобри дозволено пречекорување со определив износ, во висина на не повеќе од две просечни плати, со рок на важност од 12 месеци. На сите пензионери кои надоместот од пензиско и инвалидско осигурување го примаат на трансакциска сметка, Банката може да им одобри дозволено пречекорување во висина на една пензија, со рок на важност од 12 месеци. Доколку на сметката нема пристигнато прилив по основ на плата или пензија во рок од два месеца, односно клиентот не е редовен во подмирувањето на своите обврски кон Банката, дозволеното пречекорување ќе биде укинато или ќе биде сведено во висина на искористениот износ, сè до неговото истекување. На денот на истекувањето на дозвоелното пречекорување, Банката прави преоцена на одобреното дозволено пречекорување и доколку се исполнети условите дефинирани во Договорот, дозволеното пречекорување по автоматизам се обновува со рок на важност од 12 месеци.


Дозволено пречекорување со фиксен износ


Банката може да одобри дозволено пречекорување со фиксен износ на трансакциски тековни сметки на кои пристигнуваат приливи по основ на плата или други редови месечни приливи прифатливи за Банката со рок на важност до 12 месеци. Одобрениот износ не може да биде поголем од две плати (кога на сметката има прилив по основ на плата), односно два просечни месечни прилива по друг основ (просекот се пресметува на приливите на сметката во последните 6 месеци). Доколку на сметката нема пристигнато прилив во рок од два месеца, дозволеното пречекорување ќе биде укинато или ќе биде сведено во висина на искористениот износ, сè до неговото истекување. На денот на истекувањето на дозволеното пречекорување, Банката прави преоцена на одобреното дозволено пречекорување и доколку се исполнети условите дефинирани во Договорот, дозволеното пречекорување по автоматизам се обновува на ист износ, со рок на важност од 12 месеци. Во спротивно дозволеното пречекорување се укинува. Секоја промена во висината на дозволеното пречекорување се прави со склучување Анекс кон Договорот за користење на одобреното пречекорување.


 Барање за одобрување на дозволено пречекорување
 Апликација / Барање за регистрирање на клиент - физичко лице

 Барање за склучување на Договор за деловна соработка
 Апликација / Барање за регистрирање на клиент - правно лице


Каматни стапки


При располагањето со трансакциската тековна сметка, Банката ги пресметува следните каматни стапки:*



КАМАТНИ СТАПКИ ЗА ТРАНСАКЦИСКА ТЕКОВНА СМЕТКА


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата3.75%
Пасивна каматна стапка0.01%
Каматна стапка до износот на дозволено пречекорување7.95 процентни поени над референтната каматна стапка т.е. 11.70%
Каматна стапка за износот над дозволено пречекорување11.75%

*Каматните стапки се во согласност со моментално важечката Одлука за каматни стапки на Банката. Ефективните каматни стапки на тековните сметки се еднакви на номиналните каматни стапки.

** Каматната стапка што се применува при пресметување камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 11,70%, а се добива така што на реферeнтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 3,75%, се додаваат 7,95 процентни поени.

*** Согласно Законот за облигациони односи, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата се определува за секое календарско полугодие и се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата НБРМ ја објавува на својата веб-страница на почетокот на полугодието.

Траен налог


Сопственикот на трансакциската тековна сметка може да отвори траен налог со кој ќе ја овласти Банката во негово име и од средствата на неговата транскациска сметка без надомест да врши плаќања на редовните трошоци за домаќинство (сметки за електрична енергија, парно греење, фиксна и мобилна телефонија, Интернет и кабелска телевизија), пренос на друга трансакциска сметка, денарска штедна книшка во Банката, како и отплата на кредити издадени од Банката.


Сопственикот на сметката може да отвори и траен налог за пренос на средства од неговата трансакциска тековна сметка на која било друга сметка во Банката или во други деловни банки, со надомест согласно тековната тарифа за извршување на плаќања на шалтерите на Банката.
 

Слепо лице може да отвори траен налог во присуство на двајца сведоци. Притоа, потребно е еден од сведоците да биде вработен во Банката, но може и двајцата сведоци да бидат вработени во Банката. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на образецот за траен налог кој треба да го потпише клиентот. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овие документи, клиентот ја потврдува со потпишување Изјава со факсимил. Сведоците ја потпишуваат истата изјава со цело име, презиме и потпис и со тоа изјавуваат дека клиентот е запознат со содржината на документите и истите ги прифаќа.

Услугата отворање на траен налог за слепо лице може да се добие само во централата на Банката во Скопје како и во филијалите низ градовите во Републиката.

 

  Изјава за отворање траен налог за слепо лице

 
Со траен налог можете да ја плаќате и радиодифузната такса за минимален надомест од 2 денари (по налог), како и сметките за вода со надомест од 10 денари за секој пренос.

Сe што треба да направите е да дојдете во една од поголемите експозитури со одговорен работник и филијалите на Банката со последната платена сметка и документ за идентификација и да го потпишете трајниот налог.



    Лице за контакт



    Марија Србиновска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
    Телефон: (02) 3168-136
    Факс: (02) 3220-987
    e-mail: marija.srbinovska@kb.com.mk