Хуманитарна сметка
Хуманитарна сметка е наменска сметка за физички лица исклучиво за хуманитарни цели.
Доколку сакате да отворите хуманитарна сметка за физички лица потребни се следните формулари:
Барање за отворање на сметка за физичко лице
Договор за отворање и водење на трансакциска тековна сметка за физичко лице
Потписни картони
Апликација / Барање за регистрирање на клиент - физичко лице
Дополнително Ви се потребни валиден документ за идентификација (валидна лична карта или пасош) и писмено известување кое служи како доказ за отворање на сметката (причина за отворање на овој вид на сметка). За малолетно дете освен горе наведените документи потребен е и извод од матична книга на родените.
Лице за контакт
Вангелија Кочковска, Шеф на Служба за отворање на сметкиТелефон: (02) 3107–389e-mail: