• Експозитури и филијали


  • Коресподентни банки


  • Правила за платниот промет за резиденти


  • Правила за платниот промет за нерезиденти


  • Упатство за платен промет со странство



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Платен промет со странство



Платен промет со странство е безготовински пренос на девизни средства од и во Република Македонија. За таа цел, потребно е да имате отворено девизна сметка во Комерцијална банка АД Скопје.




Плаќање во странство


За да испратите средства во странство со дознака, потребни Ви се следниве податоци:


1. Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето;
2. Точна адреса;
3. Бројот на сметката или IBAN бројот (кој важи за повеќето западноевропски земји);
4. Името на банката кај која корисникот има сметка;
5. Адреса на банката или филијалата;
6. Бројот на филијалата т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност);
7. SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен).


Еден од начините за плаќање во странство е и плаќање со банкарски (ностро) чек. Банкарските чекови се издаваат согласно Вашите инструкции, а се вршат од сметките на Комерцијална банка АД Скопје во коресподентските банки во странство.


Чековите можат да бидат издадени во сите конвертибилни валути.

Издавањето на чековите се врши во централата на Банката, зграда КБ2, канцеларија 221 на вториот кат и во Филијалите на Банката.



НАДОМЕСТОЦИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА

 

За износи до 100 ЕУР
  • надомест 100 МКД
  • SWIFT трошок 250 МКД
За износи над 100 ЕУР
  • 0,15% од износот или минимум 350 МКД, максимум 30.000 МКД;
  • SWIFT трошок 250 МКД и
  • трошоци на странските банки во зависност од избраната варијанта (OUR, BEN или SHA)
Трошоци на странски банки-инструкции Објаснување
OUR Испраќачот ги плаќа сите трошоци; корисникот добива цел износ;
SHA Испраќачот ги плаќа трошоците на своја банка, а корисникот сите останати трошоци; износот ќе пристигне намален;
BEN Корисникот ги плаќа сите трошоци; износот ќе пристигне намален

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПЛАЌАЊЕ СО БАНКАРСКИ НОСТРО ЧЕК

 

За износи до 100 ЕУР 250 МКД
За износи над 100 ЕУР 0,15% од износот или минимум 350 МКД, максимум 30.000 МКД

^ На врвот


Прием на средства од странство


За примање на средства од странство, на испраќачот треба да му ги дадете следниве Ваши податоци (Инструкции за прием на средства се изготвуваат на сите благајни на нашата банка):


1. Име и презиме;
2. Адреса;
3. Број на сметката или IBAN број (можете да го добиете на сите шалтери на Банката);
4. Името на нашата банка KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE;
5. Адреса на банката ORCE NIKOLOV 3;
6. Нашиот SWIFT кoд. KOBSMK2X.


НАДОМЕСТ ЗА ОБРAБОТКА НА ПРИЛИВ

 

Во корист на резидентни сметки без надомест

Во корист на нерезидентни сметки

 

Од ЕУР 0 до ЕУР 299,99 ЕУР 1,00
Од ЕУР 300 до ЕУР 9.999,99 ЕУР 5,00
Од ЕУР 10.000,00 до ЕУР 24.999,99 ЕУР 10,00
Над ЕУР 25.000,00 ЕУР 20,00


За странските пензии кои пристигнуваат во нашата Банка преку други домашни банки, трошоците од другите домашни банки ќе бидат пренесени на товар на корисниците на пензии.
 
Приливите од странство реализирани со посредство на домашна банка, провизиите и трошоците на домашната банка, Банката ќе ги наплати од корисникот на средствата.

Доколку имате добиено чек од странство кој гласи на Ваше име, доколку истиот е прифатлив за Банката, можете да го предадете за наплата на шалтерите во Комерцијална банка.

Банката не прифаќа чекови за наплата во странство (инкасо) на износ поголем од 1.000 ЕУР.

За услугата Банката ги наплатува следните надоместоци:

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ОТКУП НА ДЕВИЗНИ ЧЕКОВИ ЗА КОИ
СЕ ВРШИ ИСПЛАТА ВО ДЕНАРИ И ИСПЛАТА НА ПЕНЗИОНЕРСКИ ЧЕКОВИ СО УПИС
ВО ДЕВИЗНА ШТЕДНА КНИШКА/СМЕТКА

 

Чек на износ до 49,99 ЕУР 200,00 МКД по чек
Чек на износ од 50,00 ЕУР до 999,99 ЕУР 400,00 МКД по чек
Чек на износ над 1.000,00 ЕУР 1.200,00 МКД по чек

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПРИЕМ НА ЧЕКОВИ НА НАПЛАТА ВО СТРАНСТВО

  0,5% при задржување на чекот и 1% по пристигнатата наплата (минимум 400,00 МКД) и трошоците на странските банки


За чековите кои нема да бидат наплатени од странската банка се наплатуваат и трошоците на странската банка.


Напомена
Странскиот чек може да биде вратен долго после неговата наплата и тогаш задолжувањето од странската банка за претходно исплатен износ ќе биде пренесено/наплатено од лицето-корисник на средствата на чекот.

^ На врвот

 

Листа на главни коресподентни банки


^ На врвот

 

Правила за платен промет со странство


Со оглед на природата на трансферот на средства во странство, следува краток осврт на главните принципи и правила на платниот промет со странство кои ќе Ви помогнат при користењето со оваа услуга.



^ На врвот



 

Уплати кон Wizz Air

 
За да се изврши уплата кон WIZZ AIR потребно е да поседувате денарска или девизна трансакциска сметка од нашата банка, во зависност од тоа дали уплатата треба да се изврши во денари или во девизи.
 
За извршување на уплатата потребно е да го доставите во испечатена форма налогот за резервацијата.
 
Овие уплати се извршуваат во централата на Банката, во Службата платен промет со странство, канцеларија 221 на II кат.

^ На врвот





Лице за контакт



Маријана Гериќ Спасиќ, Раководител на одделение за платен промет со странство
Телефон: (02) 3168-196
e-mail: Marijana.Gerik.Spasik@kb.com.mk