• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Штедење за физички лица

 

 

Штедењето е најмудрата одлука за секој поединец или семејство. Едноставно речено, кога штедиме, парите кои ги вложуваме во штедење денес, носат принос (камата) утре. Сè што е потребно е вишокот на парични средства, без оглед на тоа дали се многу или малку, во денари или во девизи, да се вложат како депозит на посебна штедна сметка во Банката, при што се издава штедна книшка во која се евидентираат сите уплати и исплати од сметката. Податоците за депозитите на граѓаните претставуваат деловна тајна на Банката.

 

 

Банката може да отвори штедна книшка на домашни и странски лица на сите шалтери, за што e единствено потребна лична карта или пасош. Постои можност со влогот да управува и овластено лице.

 

 

Начинот на штедење може да биде различен и, секако, зависи од Вашиот избор. Штедењето може да биде во денари или во девизи, при што за секоја валута понудена е различна каматна стапка. Во рамките на денарското и девизното штедење постојат неколку основни модели на штедење и тие, главно, се сведуваат на следните:

 

  • штедење по видување - штедниот влог е најфлексибилен, односно уплатите и исплатите од штедната сметка може да се вршат во секое време и не се врзуваат за одреден временски период на штедење (орочување);
  • орочено штедење - штедниот влог е врзан за одреден временски период на орочување, кој може да биде од 15 дена, 1, 3, 6, 9, 12, 24 месеци или повеќе, при што зависно од периодот на орочување се зголемува и каматната стапка. Флексибилноста на уплатите и исплатите е исто така присутна и зависи од конректниот вид на орочување. Особено флексибилно е т.н. отворено орочено штедење кое во исто време нуди можност за постојани уплати и исплати без поголеми промени во каматната стапка;
  • детско штедење - посебен вид на штедни производи наменети за деца до 12 години, создадени со посебно внимание и чија најважна цел е кај нашите најмали да создадат здрава навика на мудро и одговорно штедење уште од нивните најрани денови, истовремено зголемувајќи го износот на нивните вложени пари. За нив подготвивме и специјални подароци.

 

 

Информирајте се подетално за условите на различните штедни модели и одлучете се за оној штеден производ на Комерцијална банка АД Скопје кој најмногу ќе Ви одговара Вам. За да започнете одберете денарско или девизно штедње: