• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарско штедење

 

 

Денарското штедење на Комерцијална банка АД Скопје е одличен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Со исклучително поволните каматни стапки и целосната сигурност на Вашите пари, денарските штедни производи се најдобриот избор за вложување на вишокот на средства. Со можноста за вложување и повлекување колку сакате и кога сакате, имате постојан пристап до парите.

 

 

Секој граѓанин кој сака да штеди може својот паричен депозит да го вложи во Банката. За штедниот влог вложен во Банката се издава штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

 

Постои можност со штедниот влог да управува и овластено лице. Овластувањето се врши на шалтерите на Банката, во присуство на двете страни - сопственикот на сметката и лицето кое се овластува. Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат овластување во кое ќе бидат наведени личните податоци за сопственикот на влогот и лицето кое се овластува. Овластувањето треба да биде заверено во дипломатско-конзуларно претставништво во земјата каде се издава или кај овластен нотар во истата.

 

 

Изборот на моделот на денарско штедење го правите согласно Вашите потреби. Информирајте се и одберете го моделот кој најмногу ќе Ви одговара:


 

 

Каматни стапки

 

Каматните стапки на секој од моделите на денарско штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.

 

 

Загубена, искината или уништена штедна книшка се амортизира, односно се огласува за неважечка и се издава нова книшка. Податоците за депозитите се деловна тајна на Банката.

 

 

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.


 



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk