• Експозитури и филијали


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт           24/7
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарско штедење по видување и орочено штедење



Денарското штедење по видување и ороченото денарско штедење на Комерцијална банка АД Скопје се флексибилен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, имате можност самите да го креирате штедниот производ кој најмногу ќе Ви одговара.



За Вашиот денарски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.



Каматни стапки


За денарските штедни влогови по видување и орочените влогови, Банката ја плаќа следната камата:



Орочени штедни влоговиКаматна стапка Год./пром.Начин на исплата на каматаВажи од:
По видување 0.01 на крајот од календарската година 01.08.2015
на 1 месец 0.03 по истек на рок. 01.08.2015
на 15 дена 0.02 по истек на рок. 01.08.2015
на 2 месеци 0.04 по истек на рок. 01.08.2015
на 3 месеци 0.20 по истек на рок. 01.01.2017
на 6 месеци 0.60 по истек на рок. 01.01.2017
на 12 месеци 1.70 по истек на рок. 01.01.2017
на 24 месеци 2.70 по истек на рок. 01.01.2017
на 36 месеци 3.00 по истек на рок. 01.01.2017


Каматните стапки се на годишно ниво и се променливи. Каматата на орочените денарски штедни влогови на 3, 6, 12, 24 и 36 месеци, Банката ја плаќа:

  • на денот на истекот на рокот на орочување или
  • месечно, доколку орочениот штеден влог е со клаузула за месечно подигање на каматата.

За денарски влогови поголеми од 1.000.000,00 денари Банката нуди стимулативни каматни стапки, кои во зависност од рочноста и висината на влогот се движат од 0,18% - 4,60%.



Минималниот депозит за орочување со месечно подигање на камата изнесува 100.000,00 денари.


 

Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.


 



Лица за контакт



Иван Карев, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-262
Факс: (02) 3211-300
e-mail: ivan.karev@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-189
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk