Отворено денарско штедење
Отвореното денарско штедење на Комерцијална банка АД Скопје е најфлексибилниот начин на штедење на Вашите пари. Овој штеден производ овозможува повеќекратни уплати и подигнувања во текот на траењето на орочувањето, зависно од Вашите потреби.
Минималниот износ за орочување е 3.000,00 денари.
Рокот на орочување е 3, 6 и 12 месеци.
За Вашиот отворен денарски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.
Каматни стапки
За отворените денарски штедни влогови, Банката ја плаќа следната камата:
| Износ во денари | 3 месеци | 6 месеци | 12 месеци |
| Од 3,000.00-100,000.00 | 2.00% | 2.80% | 3.80% |
| Од 100,001.00-500,000.00 | 2.10% | 2.90% | 3.90% |
| Над 500,001.00 | 2.20% | 3.00% | 4.00% |
Комитентот може да преминува од една скала на орочување во друга, со автоматска промена на висината на каматната стапка.
Каматата се пресметува месечно и се исплаќа на крај од месецот - во рок од седум дена, во спротивно се припишува на влогот. Постои можност каматата да се префрли на тековна сметка или на денарска книшка по видување.
Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.
Лица за контакт
Иван Карев, Шеф на СлужбаТелефон: (02) 3107-342Факс: (02) 3211-300e-mail: Цвета Јосифовска, СменоводителТелефон: (02) 3107-432Факс: (02) 3211-300e-mail: